Познати македонски доктори советуваат како да се справите со стресот
Објавено на од во lifestyle

 

Стресот во денешни услови на живот стана секојдневна состојба на која многумина се навикнуваат, па дури и ја игнорираат. Честопати, со тоа се игнорираат и здравствените состојби кои се предизвикани од нарушениот баланс предизвикан од стрес. Капитал разговараше со врвни стручњаци од областа на невропсихијатријата, кои ги објаснуваат сите форми на стрес и советуваат како истиот може да се менаџира, па дури и превенира


Stress ManДепресија, промена во расположение, зголемен или намален апетит, главоболки, дијабет, чир на желудник…. ова се само дел од болестите кои се создаваат во нашиот организам доколку подолго време се наоѓаме во стресна состојба и го игнорираме тоа. Многу од болестите кои се загрозувачки по животот, исто така честопати се резултат или тесно поврзани со стресот.

Со оглед на тоа дека стресот стана состојба на современието и не постои личност што е имуна на ова, Капитал разговараше со врвни стручњаци од областа на невропсихијатријата, кои, специјално за нашите читатели, ги објаснуваат сите форми на стрес и советуваат како истиот може да се менаџира, па дури и превенира.

 

Сменете го начинот на живот

Ова веројатно е фразата што најчесто ја слушаме кога сме под стрес. Иако звучи како празна флоскула, сепак, невропсихијатрите советуваат дека и малата промена во начинот на живот може да помогне многу при менаџирање на стресот, особено на работното место.

Дека тоа е така, посочуваат и неколку извршни директор и менаџери, за угледниот магазин Форбс. Тие тврдат дека промената на начинот на живот им помогнала многу при менаџирање на стресот. Таа мала промена, велат тие,  понекогаш може да значи трчање маратон, чкртање на лист додека го пиете утринското кафе, или олабавување на вашата набиена агенда со тоа што ќе ја замолите вашата секретарка да ви остави еден час слободен меѓу состаноците во текот на денот. Секако, поголемата доверба кон вработените, со тоа што дел од вашите задачи ќе им ги доверете нив, и тоа како може да ви го олесни работниот ден, а со тоа и состојбата на стрес во која се наоѓате.

Капитал разговараше со познати невропсихијатри во земјава,  за да ви помогне што е можно повеќе да го разберете стресот и како да се однесувате кога сте во таа состојба.

Vladimir Ortakov

Д-р Владимир Ортаков, „Аџибадем Систина“

Д-р Владимир Ортаков, невропсихијатар  од Клиничката болница  „Аџибадем Систина“ вели дека во зависност од стресот низ кој поминуваме, различни се и начините на менаџирање на истите, вели тој. За справување со акутниот стрес, вели тој, најчесто е потребно време, додека за хроничниот или тивок стрес потребна е промена на начинот на живот.

 „Акутниот стрес е реакција на организмот предизвикана од исклучително силен стресоген животен настан или значајна промена во животот која води во континуирани непријатни услови што резултира во индивидуални проблеми во прилагодувањето. Причините за наведениот акутен стрес се видливи и практично, кај секого би предизвикале одредена стрес реакција. Причините кои предизвикуваат акутен стрес не можат да се елиминираат, а за менаџирањето на стресот е потребно време, кое секако е покусо доколку во самото менаџирање е вклучена и стручна помош.

Од друга страна, во модерното време од посебно значење е се поголемата појава на пролонгираниот, хроничен или тивок стрес, кој не е предизвикан од видлив и интензивен надворешен стресоген фактор. При извршувањето на професионалната дејност или во секојдневната комуникација со луѓето, човекот е секогаш соочен со можноста да биде подложен на стрес – особено ако тој е одговорен кон својата работа, семејството и околината, има строги обврски на време и потреба квалитетно да ги изврши работните задачи и секојдневните обврски, а притоа сретнува одредени пречки кои предизвикуваат вознемиреност. Тоа би значело дека најбитен фактор за доживувањето на ваквиот, хроничен или внатрешен стрес претставува психолошката структура на личноста. Склоноста кон хроничниот стрес е посебно нагласена кај личностите кои се “хиперсовесни“, обзирни кон околината до степен на опсесивност, прекумерно контролирачки и прекумерно амбициозни, агресивни, компетитивни, нестрпливи, напнати, иритабилни, цинични, хостилни, со зголемен потенцијал за бес, “работохоличари“ кои ја негираат физичката или емотивната вулнерабилност

Овие личности секогаш носат одредена доза на анксиозност, која често воопшто не е видлива за останатите, а која со себе носи постојана загриженост за исходот од сопствените постапки, како и за впечатокот кој за себе се остава на околината. Велиме дека ваквите личности се строги во сопствените очекувања од околината, но уште построги кон себе, постојано преземајќи на себе повеќе отколку што реално можат да постигнат. Во случајот со хроничниот стрес, причините можат успешно да се елиминираат и да се менаџираат со стручна помош. Во овој случај, елиминирањето и менаџирањето практично се сведуваат на едно исто – да се промена на психолошката структура на личноста, која ќе предизвика поинаков пристап кон животот“, вели тој.

Бјанка

Д-р Бјанка-р Бјанка Чачев Спанческа, Ремедика

Д-р Бјанка Чачев Спанческа, специјалист невропсихијатар од Општата болница „Ре-Медика“, за Капитал објаснува дека стрес менаџментот подразбира преземања на сите обврски и вклопување во нашиот животен стил, нашите мисли и емоции, начинот на кој се справуваме со проблемите.

„Можеби мислите дека ништо не може да се стори во врска со стресот и затоа многумина од нас го прифаќаат како нужно зло. Тоа што сметките нема да престанат да доаѓаат, што ни фалат часови во тек на денот, одговорноста спрема семејството и на професионален план нема да престанат. Стрес менаџмент е преземања на сите обврски и вклопување во нашиот животен стил, нашите мисли и емоции, начинот на кој се справуваме со проблемите. Не е важно под колкав стрес сте се додека знаете како да постапувате и да го намалите и воедно да ја имате контролата врз него“, вели д-р Чачев – Спанческа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×