Познатиот ТВ водител Дејвид Летерман по 33 години кариера се збогува со публиката
Објавено на од во lifestyle

Американскиот телевизиски водител Дејвид Летерман ја заврши својата 33 годишна кариера со последното вчерашно издание на неговата емисија Late Show. Тој беше испратен од многу актери и со шеговита порака потпишана од четворица претседатели на САД која гласи “Конечно заврши националниот кошмар”.

Последната епизода на “Late Show” се состоеше од монтирани снимки опфаќајќи ги трите децении на емитување на ова комедиско телевизиско шоу.

Кога за прв пат започна да се емитува ова шоу на телевизијата NBC било вистинска револуција. Подоцна шоуто на Летерман премина на телевизијата CBS, а досега Летерман водел вкупно 6.028 емисии.

Новата замена на Летерман ќе биде Стивен Колбер, кој ќе почне да го води шоуто од есен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×