Прашањето за името на дневен ред на денешната средба Ципрас-Меркел во Брисел
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји-членки на Европската унија, објави грчкото издание „Зугла“.

Според весникот, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација“.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас – Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел ѝ ја потенцирал потребата за конечно решение на спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Канцеларката Меркел по средбата со Заев во Берлин излезе со став дека спорот меѓу Македонија и Грција за името e досега најблиску до решение, треба да биде затворен, но оти каков било притисок нема да влијае позитивно врз процесот. Напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис и побара дискреција во процесот.

„Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот“, додаде германската канцеларка.

Премиерот Заев од своја страна посочи дека македонската Влада е решена да ги решава проблемите со соседите и да развива регионална соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×