Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Парламентот за обраќањето на Столтенберг
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во четврток ќе се вратат во Собранието за да присуствуваат на обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Партијата одлучила вака на синоќешната седница на Извршниот комитет. Целта е да покажат дека стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во НАТО и во Европската унија. Не се знае дали по ова опозициските пратеници ќе се вратат да учествуваат во работата на Парламентот – за тоа од ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе информираат.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од крајот на 2017 година, кога беа определени мерките притвор за настаните од 27 април, не учествуваат во работата на Собранието. Судот сè уште не одлучил дали ќе го прифати барањето на пратеникот Јохан Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×