Пратениците „штанцаат“ како „да нема утре“, додека се чека одлуката дали задутре ќе се распуштат  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Додека се чека да се види како меѓународната оценка дека нема услови за кредибилни избори на 24 април ќе влијае врз одлуката за распуштање на Собранието на 24 февруари, пратениците „штанцаат“ закони, како „да нема утре“.   Денеска Собранието со почеток во 12 часот ќе ја одржи својата 92 седница. На дневен ред се 68 предлог-закони, меѓу кои има и во скратена постапка, и во прво и второ читање, како и три барања за автентично толкување на членови од закони, предлог за именување на претседател и членови на Регулаторна комисија за домување, и информација за општите состојби во образованието и ефектите од екстерното тестирање во основното и средното образование.

Темпото на работа не забави ни викендов, дури и во неделата – комисиите за образование и наука и за политички систем ги усогласуваа законите за високо образование и за формирање на новиот универзитет „Дамјан Груев“, како и за нотаријат и за извршување, за кои имаше жестока дебата поради стотиците поднесени амандамни од опозицијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×