Правилата за исклучителен успех на Сатја Надела
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС
webMSFT_NadellaВо ерата на немилосрдните промени, преживувате и напредувате само врз основа на вашата способност да се промените пред кризата да ве присили на промени. Користете ги принципите на Think Day 1, водете со култура и дејствувајте брзо, но размислувајте полека за да постигнете 10 пати поголеми резултати во вашиот бизнис.

 

Извршниот директор на Microsoft Сатја Надела е еден од најпознатите трансформациски лидери на планетата. Тој разбира дека успехот не се случува преку ноќ. Наместо тоа, мора да размислувате долгорочно, да го посадите семето за иднината и да започнете со реоткривање денес додека ја градите иднината. Ова значи преиспитување на сè во вашиот бизнис од културата и операции, па се до стратегија и талент.

Еве три победнички правила на Nadella за одлично водство.

Ден 1 за размислување

Периодот на 2000-тите беа изгубена деценија за Мајкрософт, каде што изгледаше како да губат допир со своите клиенти и паѓаат во егзистенцијална криза. Бранови на нови иновации од Google и App Store на iPhone и таблетите ја срамнија кривата на раст на легендарниот бизнис за компјутерски софтвер. Во 2014 година Надела стана нов извршен директор на Мајкрософт и објави дека новата игра е дека треба да бидат Ден 1 компанија. Ден 1 компанијата ги донесува одлуките како секој ден да ќе биде нов ден, што експериментирањето, измислувањето и иновациите се норма.

За Надела ова значи поставување на три моќни прашања.
  • Колку сме успешни во креирањето на нови производи, услуги или бизнис модели?
  • Колку сме ефикасни во приспособувањето кон новите промени или прекини?
  • Дали нашата култура ги наградува ризикот и неуспехот?
Раководење со култура

Како се донесуваат одлуките и каква култура сакате да имате? Културата која победува значи движење од размислување “да се знае се” кон култура “да се научи се”. Едeн од важните чекори на Надела беше да ја смени мисијата од архаичниот пристап “компјутер на секое биро во секој дом” до многу повеќе фокусирана на потрошувачите цел “мотивирање на секоја личност и организација на планетата да постигне повеќе”.

Тимовите се охрабруваат да се фокусираат на проектите поврзани со страстите и да не мислат на “Мајкрософт” како 42-годишна компанија, туку како предизвикувачка организација со Ден 1 во својата ДНК. Оваа контра-интуитивна идеја е дека употребата на дефанзивен јазик може да резултира со застарени ментални модели кои ве спречуваат да ја реоткриете денешнината со брзина и обем. Надела знае дека сега повеќе од кога било, мора да се размислува и да дејствува како стартап од 10.000 лица, бидејќи брзите ги јадат бавните.

Постапувајте брзо, размислете полека.

Надела е долгогорочен мислител кој рано ги прифаќа новите трендови и слабите сигнали за да остане пред сите. Тој ја цени брзината на донесување одлуки каде што 80% доверба е доволно да се делува. Во време на VUCA свет  (volatile, uncertain, complex and ambiguous) тој разбира дека чекањето за сигурност од 100% пред да се донесе одлуката е едноставно премногу бавно. Ѕвездените резултати на “Мајкрософт” во 2017 година ја покажуваат моќта на брзото дејствување и бавното размислување. Claud услугите, на пример, веќе сочинуваат 32% од вкупните приходи на Мајкрософт, со двојно користење во споредба со изминатата година.

Во ерата на немилосрдните промени, преживувате и напредувате само врз основа на вашата способност да се промените пред кризата да ве присили на промени. Користете ги принципите на Think Day 1, водете со култура и дејствувајте брзо, но размислувајте полека за да постигнете 10 пати поголеми резултати во вашиот бизнис.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×