ПРАВИЛОТО 5 ЧАСА
Објавено на од во ЛИДЕРИ

business-book-876-WEBУспешните бизнис  лидери поминуваат  пет  часа  неделно во учење

Многу светски познати  лидери како на пример Елон Маск, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Марк Закерберг, поминуваат по неколку часа во неделата посветени на учење на нови работа. И покрај тоа што се многу зафатени, тие наоѓаат најмалку еден час во денот, односно најмалку пет часа во неделата за активности кои можат да се наречат учење со намера.
Многу светски познати лидери како на пример Елон Маск, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Марк Закерберг, поминуваат по неколку часа во неделата посветени на учење на нови работа. И покрај тоа што се многу зафатени, тие наоѓаат најмалку еден час во денот, односно најмалку пет часа во неделата за активности кои можат да се наречат учење со намера.
Едно неодамнешно истражување објавено во Harward Business Review (HBR) покажува дека активностите кои спаѓаат во правилото 5 часа можат да се поделат на читање, размислување и експериментирање.
Според истрaж0увањето на HBR, основачот на Nike, Фил Најт има толку голема почит кон неговата библиотека, што секој што влегува во неа мораш да ги соблече чевлите и малтене да се поклони”.
Oпра Винфри вели дека најмногу им е благодарна на книгите за нејзиниот успех. “Книгите беа мојата карта за влез во личната слобода”. Таа ги споделува нејзините читачки навики со целиот свет преку нејзиниот клуб за книги.
Овие двајца вљубеници во книгите не се единствени. Има уште многу милијардери кои имаат екстремни читачки навики. На пример, Ворен Бафет поминува пет до шест часа во денот читајќи, и тоа задолжително пет весника и 500 страни на корпоративни извештаи. Бил Гејтс чита по околу 50 книги годишно.
Марк Закерберг чита најмалку една книга секои две недели.
Елон Маск, според кажувањата на неговиот брат, пораснал читајќи по две книги дневно.
Марк Кубан чита книги по три часа дневно. Претприемачот милијардер Дејвид Рубенштајн чита шест книги неделно. Дан Гилберт, милионер и сопственик на Кливлен Кавалирс чита по еден до два часа дневно.
Правилото за 5 часа учење
На 10 годишна вредност Бенџамин Френклин, еден од основачите на Америка, го напуштил формалното образование за да стане помошник на неговиот татко. Како млад човек, тој не покажувал некој посебен талент освен неговата љубов за книгите. Педесет години подоцна тој беше еден од најпочитуваните американски политичари, познат иноватор, автор и успешен претприемач.
Што се случило во меѓувреме? Одговорот на ова прашање лежи во неговата успешна животна стратегија, која што може секој да ја научи и практикува.
Бен Френклин инвестирал најмалку половина до еден час во денот во тн. учење со намера.
Неговото правила од 5 часа подразбира станување рано да чита и пишува, поставување на лични цели за раст и развој, претворање на идеите во експеримент, утрински и вечерни прашања за размислување. Овие пет часа кои тој ги посветувал на учење и размислување, биле неговата најголема и најдобра инвестиција во иднината што можел да ја направи.
Истражувањето на HBR покажува дека и денес најпаметни и најуспешни луѓе се оние кои се постојани во намерата секој ден да посветуваат одредено време на учење.
Како би изгледало правилото за пет часа да стане дел од вашиот животен стил?
Искуството на оние кои го практикуваат ова правило покажува дека најдобро функционира ако намерно создадете празнини или празни зони во текот на денот за учење, креативност и за правење на работи со поголем квалитет. Создавањето на вакви празни зони во текот на денот ќе ви дозволи .
Однапред да го планирате учењето.
Тоа ви дозволува да размислувате внимателно за тоа што сакате да го учите. Не треба само да имате само цели за тоа што сакате да го постигнете. Треба да имате цели и за тоа што сакате да го научите.
усвојување на практики за подобрување. Наместо да ги правите работите автоматски без никакво подобрување, можете да примените некои докажани практики за да се подобрувате. Ова значи дека ќе треба да потрошите повеќе време за некои работи, но знајте дека ќе имате корист од тоа.
Размислување
Ова ви помага да добиете перспектива на научените лекции и да асимилирате нови идеи. Може да ви помогне да станете покреативни за работите кои ги работите. Пешачењето е одличен начин за подобро да размислувате или пак да си најдете партнер со кој може да водите добра конверзација на темите кои сте си ги зацртале.
Одвојување на време само за учење.
Ова вклучува активности како читање, конверзации, учество на некои часови и предавања, набљудување на другите…
решавање на проблемите како што се случуваат. Повеќето луѓе кои се соочуваат со проблеми имаат навика да ги буткаат под тепих, за да може да продолжат со редовните обврски. Ако имате претходно оставено празнина во денот тоа ќе ви дозволи да се посветите на решавање на малите проблеми пред тие да станат големи.
Правење на мали експерименти.
Без разлика дали експериментот ќе биде успешен или не, тоа е можност подобро да ги разгледате и тестирате вашите идеи.

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×