Правниците со аргументи против
Објавено на од во НАВИГАТОР

denari-kolicka 914 WEBГраѓаните со приходи над милион денари не треба да плаќаат ДДВ

Професорите од Правниот факултет предупредија дека со законските измени за ДДВ, во однос на физичките лица како даночни обврзници, се воведува правна несигурност, со што се нарушува еден од најзначајните принципи на правниот систем, но и се воведува ретроактивност која е забранета во член 52 од Уставот на Република Македонија.

Дали е оправдано и физичките лица што вршат стопанска дејност да бидат обврзници за плаќање на ДДВ, дали ова претставува двојно оданочување и зошто со измените на даночната регулатива беше намален прагот за регистрација од два на еден милиони денари – на овие прашања дебатираа професори од Правниот факултет на научна конференција во средата.

Професорката Весна Пендовска  истакна дека даночното право е дел од корпусот на економските права и дека секогаш при измените на даночната регулатива мора да се почитуваат даночните начела, а тоа е начелото на јасност и транспарентност.

„Почетна слабост на овие измени е отсуството на јавна расправа преку која секој, како од теоријата, така и од практиката, ќе го кажеше својот став. Поаѓајќи од заклучоците на таа јавна расправа и изнесените ставови, и ќе се излезеше со компромисно  решение“, истакна Пендовска.

Професорката Александра Максимовска нагласи дека почетната идеја за воведување на ДДВ била добра и се вовела и спровела во согласност со современата и европската регулатива. Но, според неа, ваквото воведување на ДДВ може да се каже дека се спроведе според правното и економското сфаќање дека кога се мисли на ДДВ се мисли на компании а не на физичките лица.

Ваквата измена, според неа, значи отстапка од шестата ДДВ – директива според која се правени сите други ДДВ – закони и на членките на ЕУ и на аспирантите за членство во ЕУ бидејќи, првенствено, се мешаат поимите на приход и промет.

Во врска со намалувањето на прагот на регистрација за даночни обврзници од два милиони на еден милион денари беше истакнато дека со ваквото решение физичките лица кои оствариле дополнителни приходи кои надминале еден милион денари по автоматизам стануваат ДДВ обврзници, односно се подложни на плаќање на оваа законска обврска.

„Највпечатлива е промената на прагот на регистрација кој е симнат од два на еден милион денари што значи дека поголем број физички лица кои претходно не биле, сега ќе бидат опфатени како ДДВ обврзници во поглед на закупнините што ги остваруваат како приходи при издавање на простор за вршење на деловна дејност“, истакна Максимовска.

Таа предупреди дека со законските измени за ДДВ, во однос на физичките лица како даночни обврзници, се воведува правна несигурност, со што се нарушува еден од најзначајните принципи на правниот систем, но и се воведува ретроактивност која е забранета во член 52 од Уставот на Република Македонија.

Максимовска  додаде дека законските измени во однос на ДДВ биле донесени во „тишина“. Не може, нагласи професорката, за вакво значајно прашање регулатива да се носи без расправа. Ова прашање директно ги тангира граѓаните и на крајот никако не смее да се заборави дека и секој данок има скриени трошоци.

Професорот Александар Стојков на научната конференција истакна дека непрецизноста на новите норми, воведувањето нова практика која е неконзистентна со даночната практика, нарушувањето на правна сигурност, создавањето револт кај даночните обврзници и напуштањето на принципот ДДВ како општ данок и различниот третман на лицата со иста даночна способност, прикриена даночна прогресија, се дел од аргументите против новата регулатива.  Мојата порака до УЈП, нагласи професорот, е да ја реобмисли ваквата практика.

Професорот Јован Зафировски предупреди дека новите измени на регулативата за ДДВ, во однос на физичките лица како даночни обврзници, низ практиката ќе пројават скриени трошоци и ќе бидат мотив за даночна евазија и поттик за сивата економија.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×