Правосудството во Панамa отвара истрага за наводите за даночно затајување и перење пари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Правосудството на Панама отворија криминална истрага за да ги испита наводите за даночно затајување и перење пари кои се дел од објавените документи во аферата “Панама документи”.

Од Канцеларијата на државното обвинителство на Панама изјавуваат дека ќе се испитуваат наводите на медиумските организации според кои еминентни политичари, бизнисмени и славни личности ги злоупотребувале тајните даночни режими.

“ Фактите опишани во домашните и во странски медиуми под името „Панама пејперс“ ќе бидат предмет на истрага”, се наведува во соопштението.
Неколку земји меѓу кои Франција, Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Шведска и Холандија почнаа истрага за перење пари врз основа на 11,5 милиони документи што протекоа од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, а уште многу други земји најавија дека наскоро ќе отворат истрага за содржината во документите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×