Празно ли е местото на европски водач, на кое долго седеше Меркел?
Објавено на од во ВО ФОКУС

Merkel-2-1400x788Политичката криза во Германија пречка за ЕУ реформите

Политичката криза во Германија ја остава ЕУ без главната движечка сила, па не е исклучено тоа и посериозно да ги погоди очекуваните големи реформи. Одредени аналитичари коментирајќи ја ситуацијата на Меркел велат оти местото на европски водач е празно во моментов, кога ЕУ почна да си ги враќа позитивните перспективи. А и да има нови избори во Германија, големо прашање е дали ќе поделат нови карти, зашто анкетите покажуваат дека резултатот нема да се разликува од септемврискиот

 

Политичката неизвесност во Германија, по неуспешниот обид за формирање владејачка коалиција, продолжува (така е до затворањето на овој текст). Политичките лидери на партиите што преговараа не веруваат во можноста да се најдат на средина по извесни важни (за нив) прашања, па претпочитаат нови избори. Самата канцеларка Ангела Меркел во понеделникот вечерта изјави дека спроведувањето нови избори е подобрата солуција. Опцијата – продолжување на коалициските преговори, ја застапува само претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер. Тој, исто така во понеделникот, ги повика лидерите на партиите да бараат консензус.

Меѓу опциите воопшто ја нема таа за малцинска влада. За Меркел владеењето без мнозинство, покрај останатото, не е соодветно за канцелар на крајот на политичката кариера. Таа освен дека е слаба веројатноста за договарање коалиција, кажа и оти во случај на нови избори ќе се кандидира за позицијата канцелар, сигурна во поддршката од нејзината партија.

Идејата за нови избори ја поддржуваат и останатите партии. Освен Партијата на слободните демократи (FDP), силно „за“ има и кај големиот поразен на изборите во септември, Социјалдемократска партија на Германија (SPD). Според лидерот на SDP, Мартин Шулц, пропаѓањето на разговорите за владина коалиција е јасен сигнал дека е нужно избирачите одново да застанат пред гласачките кутии. Пред изборите на 24 септември сите очекуваа продолжување на големата коалиција – конзервативците на Меркел заедно со SPD, но социјалдемократите неочекувано отидоа во опозиција. Иако остана втора по сила, партијата имаше најнизок резултат во однос на години претходно, а за тоа го обвини коалицискиот партнер.

„Нема да влеземе во голема коалиција, но и покрај тоа ќе се сретнам со претседателот“, изјави Шулц, имајќи ја предвид најавата на Штајнмаер дека во обид да ги врати партиите на преговарачката маса ќе се види со сите лидери поединечно, до крајот на неделава.

Средбата на Шулц со претседателот на Германија се одржа во средата (по затворањето на овој текст), и до нејзиното одржување имаше аналитичари оптимисти дека Штајнмаер може да го убеди Шулц да излезе од опозиција, а Меркел во понеделникот изјави и оти е подготвена за преговори со SDP ако оваа партија прифати да стане дел од власта.

05mАнкетите спроведени деновиве покажаа дека половината Германци (49,9%) сакаат нови избори откако Меркел не успеа да се договори со Слободните демократи и со Зелените. Истражувањето на јавното мислење чии резултати ги пренесе Ројтерс вели дека една петтина од анкетираните подржуваат формирање малцинска влада.

Не многу помал процент од оној за поддршката за нови избори, има и ставот дека социјалдемократите на Шулц правилно постапиле кога одбиле да влезат во нова владејачка коалиција со конзервативците на Меркел. Дека е така се изјасниле 48,5%.

Анкетата покажала и дека Германците со 28% сметаат дека виновен за пропаднатите преговори е лидерот на Слободните демократи, Кристијан Линднер; со 27% Меркел, а само 13% го обвинуваат лидерот на Зелените, Џем Оздемир.

Секој четврти Германец смета дека Меркел треба одново да се кандидира за канцелар, ако има предвремени избори.

Истражувањето на јавното мислење покажало дека нови избори нема да доведат до особена промена – конзервативците лесно ќе паднат до 30%; социјалдемократите ќе останат на 21%; Слободните демократи 11%; Зелените 10%, што значи дека одново единствените можни коалиции со мнозинство ќе бидат меѓу конзервативците на Меркел и социјалдемократите, или меѓу конзервативците, Слободните демократи и Зелените.

Како и да е, политичката криза во Германија ја остава Европската унија без една од главните движечки сили, па не е исклучено дека тоа и посериозно ќе ги погоди очекуваните големи реформи – ќе се наметне потребата францускиот претседател Емануел Макрон да ги реализира своите планови сосем сам.

Повеќето аналитичари ситуацијата ја оценија како „многу лоша новост за Европа“, но одредени од нив се и на став дека Меркел од септемвриските избори излегла зашеметена и оти местото на европски водач е празно во моментов кога ЕУ почна да си ги враќа позитивните перспективи. Аналитичарите сметаат дека во моментов нема кој да застане на местото на канцеларката во европските работи, и оти Маркон е лидер, но кој не може да води без поддршка од Меркел.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×