Пред Г7, Макрон со своја визија за светот
Објавено на од во Политика
„Живееме во апсолутно историски период на меѓународниот поредок. Живееме во многу длабока криза на демократиите, што претставува криза на репрезентативност и ефикасност во светлината на современите стравови: климатски страв, технолошки страв, миграциски страв, изјави денеска шефот на француската држава Емануел Макрон, на два дена пред официјалното отворање на Самитот Г7. 
makronem-e1561554161607Тој оцени дека токму овие големи современи феномени се далеку над националната рамка.
„Тие претпоставуваат нови начини на соработка, но и ефикасен одговор, кој понекогаш имаме потешкотии да го донесеме … Моментот што го  живееме, веројатно од осумнаесеттиот век, е можеби во процес на бришење. Меѓународниот поредок беше тој за кој Западот решаваше. Оваа западна хегемонија е длабоко под знак прашалник“, истакна Макрон.
Тој повеќе од два часа одговораше на прашањата на новинарите од Здружението на претседателскиот печат.  Без снимања, без фотографии, без видеа, забрана за Твитер за време на разговорот за да се олесни флуидноста на разговорот, првично посветен на Г7 и меѓународните теми. Но, Емануел Макрон исто така зборуваше долго за националните прашања, од кризата со „жолтите елеци“ до состојбата со своето мнозинство и обвинувањата за насилство упатени до полицијата, јавува дописникот на МИА.
Во врска со исходот од самитот на Г7 во Бијариц, шефот на државата рече дека нема да има завршно, соопштение „претходно подготвено“ за да се избегнат несогласувањата: „Никој не ги чита соопштенијата за печатот, мора да бидете искрени. За соопштенија за печатот, никој од лидерите претходно не разговара за нив. Тие се дело на бирократи. Соопштенијата ги отсликуваат длабоките позиции на француската бирократија во однос на американската бирократија и другите. Улогата на лидерите е да преземат ризици во однос на нивните историски позиции, да одлучуваат и да даваат инструкции за нивните администрации. Не сакам да бидам заложник на луѓе кои преговараат за соопштенија“.
За улогата на Франција во светот, Макрон вели дека таа има „ улога што е поврзана со нејзината историја, со нејзиниот статус, а тоа е таа моќ на рамнотежа. – Ние не сме усогласена земја. Тоа не е наш темперамент. Дури и ако имаме сојузници, ние мора да ја зачуваме и редефинираме нашата способност да разговараме со сите, вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×