Пред почетокот на главната туристичка сезона: Расте бројот на туристи и годинава, но со многу помало темпо
Објавено на од во Економија
Бројот на туристи, и домашни и странски, продолжува да расте и годинава, но не е добра вест што овој раст забавува, односно во првите четири месеци е поголем за само 2,4%, на 232.530 туристи. Кај домашните туристи порастот е за 5,4%, на 78.464, додека кај странските само за 1%, на 154 илјади туристи. Колку за споредба, минатата година за истиот период, вкупниот број на туристи бил поголем за дури 18,7%, поточно, на домашните за 10,8%, а на странски туристи имало повеќе за цели 23% во однос на првите четири месеци во 2017 –та.  
Ohrid

Македонија лани, во 2018 година, ја надмина бројката од еден милион туристи – домашни и странски – првпат после 1990 година, што е извонредна вест. Бројот од 1,127 милиони туристи беше поголем за 12,8% во однос на годината претходно. Следствено на ова, извонредна вест за македонските туристички работници, сите поврзани дејности со туризмот и целата домашна економија е и тоа што минатата година беше забележан рекорден девизен прилив од туризмот, или без малку 382 милиони долари, според Државниот завод за статистика – ДЗС и Народната банка, што беше пораст од 16,7% во однос на 2017 година.

Бројот на туристи, и домашни и странски, продолжува да расте и годинава, но не е добра вест што овој раст забавува, односно во првите четири месеци е поголем за само 2,4%, на 232.530 туристи. Кај домашните туристи порастот е за 5,4%, на 78.464, додека кај странските само за 1%, на 154 илјади туристи. Колку за споредба, минатата година за истиот период, вкупниот број на туристи бил поголем за дури 18,7%, поточно, на домашните за 10,8%, а на странски туристи имало повеќе за цели 23% во однос на првите четири месеци во 2017 –та. Во почетокот на 2017, исто така порастот на туристите бил значително поголем одошто годинава – 9,4% кај домашните и 11,4% кај странските туристи, 2016 година 17,9% со 12,5% респективно, итн.

Целиот текст може да го прочитате во печатеното издание на магазинот Капитал што ќе излезе на 21.06.2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×