Предизборно ветување на првиот синдикалец: Преговорите за К-15 во јавен сектор ќе почнат по изборите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Околу 10% до 15 % од компаниите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле регрес за годишен одмор, познат како К-15, покажуваат анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

“Сакам да укажам на фактот дека ССМ успеа да го задржи ова право да биде задолжително, а таму каде што имаше проблеми заедно со синдикатите се утврдуваше дали тие проблеми се реални, кои во одредени гранкови синдикати придонесоа да дојде и до намалување на висината на регресот за годишен одмор. Но, морам да ви кажам дека тоа беше исклучително мал број на претпријатија”, изјави денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Првиот синдикалец Митревски, најави дека преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе започнат веднаш штом биде формирана нова влада по изборите.

Инаку, ССМ почнува со реализација на проектот за сигурни работни места која ќе се реализира со низа мерки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×