Предлогот Ана Брнабиќ да биде премиер стигна во српскиот Парламент
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Предлогот Ана Брнабиќ да биде претседател на владата на Србија е доставен до Парламентот на земјата. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера соопшти дека досегашната министерка за државна управа и локална самоуправа е мандатарка за состав на новата влада на Србија.

Во образложение на одлуката се наведува дека Брнабиќ поседува стручни и лични квалитети за извршување на премиерската функција.

„Ја укажувам својата доверба на госпоѓата Брнабиќ, имајќи предвид дека во претходниот период вредно и напорно работеше, со што покажа оти е способна да одговори на сите предизвици што со себе ги носи одговорната функција претседател на владата“, се наведува во образложението.

Таму се додава дека целта е новиот премиер да ги продолжи реформите во реалниот и јавниот сектор.

Геј стрејт алијансата на Србија ја поздрави одлуката на Вучиќ, Брнабиќ да биде мандатар, бидејќи ова е прва личност која јавно признава дека е геј, а била на министерска позиција во Србија и во регионот, и сега е и мандатар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×