Предраг Стојковски:Им помагаме на клиентите да создадат брендови што се сакаат
Објавено на од во Интервју

Stojkovski Predrag WEB 946Предраг Стојковски
менаџер на Nova Solutions, агенција за дигитален маркетинг

 Со основачот и извршен директор на една од првите  специјализирани агенции за услуги во дигиталниот маркетинг во земјава, разговаравме за тоа што значи користењето на модерните алатки за промоција и развој на брендот во време кога нашите животи практично се пренесени на дигиталните платформи.

За почеток, претставете ни ја вашата агенција, со што сe’ се занимавате, какви услуги нудите?

Нашата агенција е слободно можам да кажам, пионер во областа на интернет маркетингот во Македонија. Имено од 2007 година кога сме основани, започнавме со креирање и организирање на Фејсбук  маркетинг кампањи за македонски компании. Нашите вработени и во исто време и сопствениците на компанијата беа први social media менаџери на Фејсбук страниците на македонските компании. Исто така, можеме да се пофалиме дека сме прва македонска компанија која што ја имаше развиено првата Фејсбук наградна апликација за Битолска млекара.

Од самиот почеток па до денес, фокусот ни е на креирање на маркетинг кампањи на социјалните медиуми, но исто така креираме веб сајтови, правиме оптимизирање на истите за подобро рангирање на Google, креираме бренд идентитети на компаниите и во последно време нудиме и специјализирани обуки од делот за графички дизајн, интернет маркетинг и веб дизајн.

Како што можете да забележите фокусот ни е на интернет поточно на користењето на интернет како моќен канал на маркетинг комуникација.

Како всушност функционира услугата што ја пружате: дали вие како агенција преземате комплетна грижа за “животот“ на брендовите на социјалните медиуми и колку практично клиентите ви даваат одврзани раце да го осмислите нивниот дигитален маркетинг?

Самата соработка помеѓу нас како компанија и клиентот мора да биде двонасочна, па и самата кампања која што се реализира мора да биде осмислена заедно со клиентот. Имено, ние како компанија не можеме да креираме кампањи самоиницијативно, без никаква комуникација со клиентот. Поточно можеме тоа да го направиме, но тоа нема да биде квалитетна кампања. Ние, пред с$, мораме да го разбереме брендот кој што го застапуваме, да разбереме што брендот претставува и какви пораки тој треба да испраќа кон своите потрошувачи. Од овие информации ние црпиме идеи и креираме соодветна кампања.

Она што се трудиме да пренесеме кај клиентот е дека неговиот бренд не е тоа што тој мисли за него, туку што другите мислат за неговиот бренд, а за да креираме бренд кој што се сака (lovemarks), треба да создадеме убава приказна, која што е есенцијална состојка и да создадеме емоција.

Овој процес, како што спомнав, мора да се креира заедно со клиентот. Некогаш процесот оди потешко, некогаш полесно, но кога ќе се видат позитивните резултати тогаш добивате  поголема слобода.

Што се покажало досега, според вашите искуства, за најефективен начин за градење и одржување на брендовите со помош на социјалните медиуми? Какви обично пакети на услуги земаат од вас клиентите?

Денес, за разлика од пред десет години кога почнавме, да се нема Фејсбук страница е исто како да се нема веб сајт – тоа стана стандард. Причините за поактивно присуство на социјалните медиуми е различно – конкуренција;  се обиделе сами,  но им оди потешко;  или пак самите нивни потрошувачи ги „натерале“ да бидат повеќе присутни…со еден збор сакаат да бидат присутни, колку да ги има. Доколку таа присутност резултира со поголема продажба, тогаш тоа е дополнителен плус.

Секој пакет кој што нудиме е составен од делот на платени Фејсбук реклами, за поголема видливост и од делот на креирање на комуникација на самата страница.

Но, како што реков во одговорот на претходното прашање, нашата цел е да им помогнеме на клиентите да креираат – lovemarks. Зошто е тоа битно? Докажано е да корисниците на lovemarks брендови не само што ги почитуваат, туку ги и сакаат, што предизвикува нерационална лојалност! А лојалноста е нешто најбитно кај брендовите.

Nova Solutions Tim  WEB 946

Предраг Стојковски со тимот на Nova Solutions

На што особено треба да внимаваат компаниите/брендовите кога се појавуваат на социјалните мрежи, кои се најчестите грешки што ги прават?

Маркетингот е во основа комуникација, па така и маркетингот на социјалните мрежи. Погрешната комуникација е најголемата грешка – имено претерано се потенцира самиот бренд.

Не е доволно да се постави квалитетна фотографија или дизајн на одреден производ. Самиот корисник на социјалните медиуми кога ќе види една таква објава ќе рече „ова е ок“, но на компанијата ѝ треба корисникот да рече „уау,  ова е супер ќе споделам/коментирам“

Дејв Бирс (маркетинг експерт) на една конференција од пред една година, го објасни овој феномен низ една метафора:

Тоа што брендовите поставуваат на интернет се здодевни глупости, пример „видете го оваа маченце, леле колку е слатко, дали сакате да ја лајкувате фотографијата на која што е маченцето до нашиот производ?“

Доколку социјалните мрежи ги гледаме како еден огромен базен, тогаш брендовите се тие коишто седат околу него и фрлаат мали камчиња во него. Наместо тоа, треба да земат огромен камен,  да го фрлат во базенот и да ги избањаат  сите коишто се околу базенот, со што и ќе обрнат внимание на самиот бренд.

Во колкава мера домашните брендови, па и странските брендови во земјава ги користат т.н. инфлуенсери за своја промоција?  Дали вие како агенција им сугерирате на компаниите да користат и вакви алатки?

Со појавата на социјалните мрежи, сите ние на некој начин станавме инфлуенсери. Она што компаниите мора да знаат е дека имаме различни видови на инфлуенсери и во зависност од тоа, каков инфлуенсер ќе избереме за промотивната кампања такви ќе ни бидат и резултатите.

Странските брендови тоа го користат и тој тренд се следи и кај нас. Ние како агенција во креирањето на планот на комуникација им предлагаме и користење на инфлуенсери, а сето тоа во зависност и од самиот бренд и од тоа која ќе биде целта на промоцијата.

Ќе наведам пример на Ролс Ројс којшто креираше кампања на социјалните медиуми со познати инфлуенсери од светот на модата и бизнисот, на Блискиот исток. Тие за кампањата не потрошија ниту еден долар – едноставно ги повикаа инфлуенсерите да го искусат возењето во Ролс Ројс. Поточно,  да го доживеат искуството на возење на овој престижен модел. Значи тука,  доколку забележите,  овој бренд ја користи емоцијата – искусете го возењето, доживејте го возењето.

И тука пак се враќаме на приказната за lovemarks – брендовите коишто се сакаат, со коишто купувачите се поврзуваат на емотивно ниво.

Колкав е соодносот во моментов на буџети потрошени за традиционален Vs дигитален маркетинг на македонскиот рекламен пазар? Дали традиционалниот маркетинг  е се уште потребен и како е најдобро да се прави синергија со новите маркетиншки алатки?

Од досегашното искуство и параметри кој што ги правиме од работењето со нашите клиенти, традиционалните медиуми с$ уште имаат предност во однос на дигиталните, но таа разлика станува сè помала.

Она што ќе стане реалност во многу куса временска рамка е дека дигиталниот маркетинг ќе стане подоминантен начин на комуникација со потрошувачите во однос на традиционалните медиуми.

Едноставно,  развојот на технологијата го диктира темпото. Можете и сами да ја забележите револуцијата на користењето на паметните телефони во многу кус временски период.

Тоа нужно не значи дека традиционалните медиуми ќе изумрат и дека не треба да ги користиме. Имено светската пракса покажува дека, добро го избравте зборот – синергија – помеѓу традиционалните медиуми и дигиталните медиуми резултира со многу ефективни кампањи.

Ќе го наведам примерот на интегрирана кампања реализирана од страна на брендот Calvin Klein. Имено, овој бренд во неколку градови имаше поставено билборди на коишто јасно сугерираше што требаше да се направи: да се сликате во долна облека и да ја довршите реченицата:  I ________ in #mycalvins.

Истата слика требаше да се објави на Инстаграм профилот.
На почетокот на кампањата овој бренд дополнително ангажираше познати личности да ја започнат кампањата на Инстаграм.
Резултатот беше импресивен – 180.000 фотографии и неколку милиони на нови следбеници на Calvin Klein на сите социјални медиуми, а самата кампања беше видена од страна на пола милијарда луѓе.

Ова е добар пример како комбинација на традиционалните и дигитални медиуми може да донесе големи ефекти.

Од вашето искуство, кои профили компании во принцип најмногу користат дигитален маркетинг, а кои традиционален?

Дигиталниот маркетинг најмногу го користат локалните компании од услужниот сектор и тука пред сè мислам на оние компании како што се салони за разубавување, фитнес, ресторани и слично. Овие компании имаат и најголем ефект од користењето на дигиталниот маркетинг – ниски трошоци и поголема видливост.

Средните компании веќе прават комбинација и тука се внимателни со буџетите и за жал немаат континуитет, што е многу битно за комплетен успех.

Големите компании/корпорации гледаат да бидат застапени секаде подеднакво и се издвојуваат големи буџети, како за дигитален маркетинг така и за традиционални медиуми. Нивната цел е да бидат континуирано присутни во медиумите и во свеста на луѓето. Ова особено може да се забележи во секторот на телекомуникации.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×