Префрлање на дигитален режим на работа за купувачите и продавачите насекаде низ светот
Објавено на од во Компании
Податоците на компанијата Visa, како светски лидер во полето на бесконтактни трансакции, покажуваат дека секоја трета трансакција на каса која се одвива преку мрежата на компанијата Visa се реализира со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), во однос на ситуацијата од првиот квартал на финансиската 2019. година, кога секоја четврта трансакција беше реализирана на тој начин. Речиси една третина, или 32,23Македонци се потпреа на бесконтактно плаќање со Visa картичка или дигиталниот паричник според податоците во март 2020. година, при што вкупната употреба на бесконтактниот начин на плаќање во Македонија е пораснат за 113,04% од март 2019. година, кога истиот бил 15,13%. 
73_Visa_College_1020_120dpi-958126807
Насекаде низ светот луѓето полека се навикнуваат на новото нормално – интензивирање на дигиталното купување. Пандемијата од COVID-19 се одрази на начинот како трошиме, ги праќаме и користиме парите, со далекосежен ефект како цунами на многу делови од светската економија. Потрошувачите преминуваат на трговија која е првенствено од дигитална природа – без оглед на тоа што купуваат.
Водечките компании и брендови веќе работат на активација на кохезивни стратегии на сите канали кои беспрекорно ја интегрираат трговијата преку мобилните телефони, интернетот и во продавниците. Со оглед на тоа дека трговијата во продавниците во голема мера е ограничена за сите категории на компании, купувачите повеќе од било кога се во потрага за сигурни искуства во дигиталната трговија. Милиони нови купувачи ќе искусат дигитално купување на артикли како што се намирници, јадења и предмети за домаќинство, па можете да очекувате дека новонастанатите навики ќе бидат од траен карактер. Бесконтактното плаќање, односно плаќањето со приближување на бесконтактна картичка или мобилен уред, со забрзано темпо стануваат омилен начин за плаќање низ светот.
Искуството со бесконтактното плаќање е важно – особено сега – затоа што е подобро за здравјето и за безбедноста. Побрзо е, побезбедно и на потрошувачите многу им се допаѓа тоа искуство. Податоците на компанијата Visa, како светски лидер во полето на бесконтактни трансакции, покажуваат дека секоја трета трансакција на каса која се одвива преку мрежата на компанијата Visa се реализира со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), во однос на ситуацијата од првиот квартал на финансиската 2019. година, кога секоја четврта трансакција беше реализирана на тој начин. Речиси една третина, или 32,23Македонци се потпреа на бесконтактно плаќање со Visa картичка или дигиталниот паричник според податоците во март 2020. година, при што вкупната употреба на бесконтактниот начин на плаќање во Македонија е пораснат за 113,04% од март 2019. година, кога истиот бил 15,13%. Евидентиран е годишен рaст од 8% во однос на бројот на инсталирани уреди на продажните места[1] во Македонија кои поддржуваат и бесконтактна технологија покрај контактната.
Исто така, за да се прилагодиме на промената на однесувањето на потрошувачите, продавачите инсистираат да им овозможат лесен, брз и безбеден начин на плаќање во свет кој брзо се менува. Visa соработува со партнери од индустријата на платежните услуги и со скоро 60 влади ширум светот, за подигнување на лимитот за бесконтактно плаќање. Во Македонија истиот е зголемен на максимални 2.500 денари, со што на потрошувачите им е овозможено едноставно да ја приближат Visaкартичката и да платат без внес на PIN. Зголемениот лимит без внес на PIN претставува пораст од 25 проценти во однос на претходниот износ од 2.000 денари, со кое на потрошувачите во Македонија дополнително им се олеснуваат секојдневните трансакции.
 Доколку го погледнеме плаќањето на потрошувачите, постои одреден број на области во кои, поради пандемијата на COVID-19, дури e можен и забрзан напредок. Прва од нив е замената на готовината со други средства. Со готовина и со чекови се трошат 18 билиони американски долари  низ светот и луѓето сèповеќе откриваат дека со готовината и физичката валута се пренесуваат вируси и бактерии.
 Од друга страна, сѐ уште постои голем број на компании кои воопшто не се присутни на интернет, и иако се погодени компании од сите големини, малите компании се наоѓаат во посебно тешка ситуација. Некои од нив се затворени или би можеле да бидат затворени наредната недела како одговор на пандемијата од COVID-19. Тие продавници можеби се мали, но играат клучна улога во животите на своите клиенти, вработените и партнерите и помошта која им се пружа нив има далеку опфатни ефекти на нивните заедници и економија. Visaе посветена на помагање на компаниите да имплементираат конечни решенија, кои ги штитат како потрошувачите, така и продавачите во светот кој е сѐ повеќе дигитализиран. Малите економски субјекти сѐ повеќе се дигитализираат, со појавувањето на интернет или со препознавањето на новите начини на кои потрошувачите ги трошат парите на интернет. Микро, малите и средни претпријатија се носители на развојот на нашата економија.
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2018 година, деловните субјекти, во рамките на структурните деловни статистики, реализирале за 9,1% поголем промет и за 7,6% зголемена додадена вредност во однос на претходната година.[2]
Според информациите на Народна Банка, на крајот од 2019 година контактно-бесконтактната технологија била применета кај 53,2% од вкупно 1,8 милиони платежни картички во циркулација во земјата, од кои 1.004.154 се Visa картички. Податоците покажуваат дека се зголемува бројот на трансакции со картички на интернет на годишна основа, според кое и процентот на населението кое се одлучува да купува преку интернет се зголемува постојано. Во 2019 година 29% од населението кое користело интернет, реализирало интернет транскации.[3]
[1] Годишна информација за плаќањата Македонија во 2019 година (Народна Банка на Македонија) | стр. 14
[2] Структурни деловни статистики, 2018 година – дефинитивни податоци (март 2020) | Државен завод за статистика на Македонија
[3] Годишна информација за плаќањата Македонија во 2019 година (Народна Банка на Македонија)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×