Прегласувањето не донесе промена во распределбата на мандатите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Коалицијата на СДСМ освоила 245 гласа; на ВМРО-ДПМНЕ 149; ВМРО за Македонија два; а по еден глас на денешното прегласување во избирачкото место 2011 во Теарце освоиле ДПА, ДУИ и Алијансата за Албанците.

Оваа победа на коалицијата предводена од СДСМ не прави разлика во бројот на освоени мандати, бидејќи предноста што требаше да ја оствари на ниво на шестата изборна единица за да добие пратеник повеќе за сметка на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, е 307 гласа.

Останува распределбата од изборите на 11 декември, со 51 мандат за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а 49 за коалицијата на СДСМ.

Излезноста на денешното прегласување во Теарце е 56,30% – од запишаните 714 гласачи, излегле 402.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека за нив изборите завршиле на 11 декември, и дека остануваат посветени на формирањето на новата влада.

„Денеска, ние, како и целата јавност, дознавме дека и покрај сите напори, теарчани го спречиле обидот за постизборен инженеринг, за што им честитаме“.

Според СДСМ, пак, и граѓаните на Теарце се приклучиле на остатокот на Македонија и денеска гласале за промени.

„Овде, во Теарце, ќе ја послушаме пораката што ја испратија теарчани, таа е иста како што ја пратија остатокот од граѓаните на Македонија, а тоа е дека ќе има во Република Македонија одговорна Влада, Влада што ќе ги воведе демократските промени во државата. Во Македонија ќе има Влада одговорна, институции кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните. Во Македонија ќе има ново владино мнозинство“, изјавија од СДСМ.

Според СДСМ денешното прегласување било повеќе симболично, без влијание во политичката смисла на зборот, врз тоа кој ќе ја состави владата.

„Владата ќе ја предводи СДСМ“, рече носителот на листата на коалицијата на СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×