Преговорите се уште траат… Собраниска седница дури после 22 часот.
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Тројцата европратеници плус американскиот амбасадор Џес Бејли веќе неколку часа се наоѓаат во партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ. Помалку од четири часа пред истекнувањето на официјалниот рок за распуштање на Собранието се уште не се знае ставот на владеачката партија околу најавеното одложување на изборите.

Неофицијално се очекува собраниската седница на која ќе се гласа за одложување на изборите преку продолжување на мандатот на собранието и промена на изборниот законик да започне дури после 22 часот.

Иако не потврдено дел од медиумите веќе излегоа со информација дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски одбил да се сретне и со претставниците од Европарламентот и со американскиот амбасадор Џес Бејли. Од тука се уште е нејасно кој ги води преговорите во име на владеачката партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×