Прекината координацијата во Собранието поради дополнителни консултации
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Координацијата на претставниците на парламентарните групи за утврдување на составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е прекината поради дополнителни консултации и ќе продолжи по 15 часот и 30 минути.

На координацијата во Собранието претставници на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на БЕСА го утврдуваат бројот на членови со кои ќе бидат застапени овие партии во Комисијата, а треба да дадат и предлог имиња на членовите. Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата е предуслов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница.

Според извори од собраниските служби, договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во Комисијата, СДСМ 5, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден член.

Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии во Собранието. Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.

Конститутивната седница на Собранието почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината со оглед дека не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×