Преку 2.000 нови работни места ќе бидат отворени во следните четири години
Објавено на од во Економија

svajcarski_grantСо 6,25 милиони франци, грант од Швајцарската конфедерација, во наредните четири години во Македонија треба да бидат отворени над 2.000  работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на над 1.000 мали и средни претпријатија.

Станува збор за проект „Зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)“, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што ќе го спроведува „Свисконтакт“ во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.

„Проектот со методологијата за системски развој на пазарот се надополнува со економските програми на Владата насочени кон зголемување на економскиот раст и вработувањето, внесување иновации, забрзан технолошки развој и подобрување на конкурентноста на македонските компании“, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешното потпишување на меморандумот за соработка за програмата со в.д. амбасадорката на Швајцарија во Македонија Катарина Штокер.

Пешевски истакна дека особен фокус, како и во други мерки кои ги спроведува Владата, ќе биде поставен на подобрување на можностите за вработување на младите лица и жените.

В.д. амбасадорката Штокер нагласи дека зголемувањето на пазарната вработливост е една од клучните програми кои ги поддржуваат во оваа фаза која ќе трае четири години со потенцијал за натамошно продолжување.

„Целта е да се создадат повеќе можности за постојано вработување  или самовработување особено за млади и за жени и тоа треба да се постигне со систематско развивање на пазарот. Треба да резултира и со зголемен пораст на приватниот сектор, а се очекува да произведе над 2.000 работни места и да го зголеми нето приходот на над 1.000 мали и средни претпријатија“, рече Штокер.

Активностите во програмата се фокусирани на секторите туризам, креативна индустрија и зелена економија. Во соработка со приватниот сектор ќе се работи на подобрување на можностите за зголемен пристап до меѓународните, регионалните и домашните пазари, на развој на производи, пристап до финансии и квалификувана работна сила со цел да се обезбеди раст на претпријатијата.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×