Преку нашиот фонд станувате сопственици во најмоќните светски компании
Објавено на од во Интервју

Петар Андреевски – главен извршен директор и Артон Лена – извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент  објаснуваат зошто вложувањето во акциски инвестициски фонд е добра алтернатива на банкарското штедење и купувањето недвижнини.

VFP intervju

-



-  - –

Колку време работи ВФП Фонд Менаџмент на македонскиот пазар и какви
резултати имате досега постигнато?

Андреевски: ВФП групацијата од Грац, Австрија, е нашата компанија мајка, и веќе 30 години е лидер во југоисточна Европа во делот на брокерските услуги во осигурувањето, а 19 години има искуство во менаџирање на инвестициски фондови. ВФП како групација е присутна повеќе од 10 години и во Македонија, како лидер во посредувањето при осигурување, а од пред десетина месеци почна со работа и Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент. ВФП Фонд Менаџмент на македонскиот пазар за почеток управува со два инвестициски фондови, и тоа еден акциски инвестициски фонд – ВФП Премиум Инвест, и еден паричен инвестициски фонд – ВФП Кеш Депозит. Она на што сме особено горди е довербата која ни ја дадоа нашите клиенти уште од самиот старт. Како резултат на таа доверба во овој момент нашето Друштво управува 6 милиони евра. За овој краток период нашиот фонд – ВФП Премиум Инвест стана водечки акциски инвестициски фонд според вредноста на средствата кои ги менаџираме.Тоа за нас претставува и огромна одговорност имајќи во предвид дека нашата стратегија е да се наметнеме на пазарот како лидери,особено во делот на акциски инвестициски фондови. Акцискиот фонд кој нашата Групација го управува во Австрија за минатите 19 години има остварено 7.5% годишен просечен принос за своите инвеститори. Имајќи предвид дека квалитетен know how за инвестирање на средствата црпиме токму од нашата матична компанија од Грац, Австрија, сметаме дека ова позитивно 19-годишно искуство е доволна насока и стимулација за тоа што може да очекуваат во идниот период нашите инвеститори.

-Зошто оној што има слободни средства треба да ги вложи во инвестициски фонд како што е вашиот?

Лена: Прво треба да направиме разлика помеѓу поимите тргување и инвестирање. Тргувањето на светските берзи значи да купиш акции поевтино, да продадеш поскапо, и во некој краток временски период да оствариш добивка, што често се поврзува  и со шпекулативни моменти. Инвестирањето пак,  значи дека со купувањето акции во најмоќните светски компании, ние како фонд, односно нашите клиенти што ни ги довериле своите средства да ги менаџираме, стануваме сопственици во тие компании. Во овој случај не може да очекуваме добивки преку ноќ, односно се работи за инвестирање на долг рок, каде што вложувачите заедно со сите останати акционери на компаниите, ги уживаат плодовите од нивниот успех, раст и развој.

-Колку време препорачувате клиентите да бидат трпеливи?

Petar Andreevski

Андреевски: Светското искуство во инвестирањето во акциски фондови, вели дека некаков минимален период кој што треба да помине за да има смисла инвестирањето во акции е 10 години. Не случајно, во развиените финансиски пазари како САД, западна Европа и сл., луѓето најчесто инвестираат во инвестициски фондови водени од следниве два мотиви: обезбедување средства за школување на своите деца и капитал за пензионерски денови. Тоа значи дека парите што ги инвестираат во фонд, не ги “чепкаат“ по 15, 20 години. Но, она што е добро кај инвестициските фондови, е што вие можете постојано да вложувате средства, на месечно, квартално или годишно ниво, нема ограничувања. Ова е извонредна алтернатива на конзервативните форми на вложување, како банкарски депозити или недвижностите, на пример. Исто така, што е многу важно за нашите клиенти, е тоа што своите средства можат во секое време да си ги повлечат од фондот, односно според законската регулатива, ние сме обврзани да им ги откупиме уделите по пазарната вредност во тој момент.

-Кои профили на луѓе се ваша целна група, односно кој сe’ е “квалификуван“ да вложува во ВФП ПремиумИнвест?

Андреевски: Добрата работа во инвестирањето во акциски фонд, е што вие како вложувач не мора да имате некакви предзнаења за акции, берзи и сл. Едноставно, им ги доверувате своите средства на луѓе кои знаат како на најдобар начин да ги менаџираат за вас. Преку ВФП Премиум Инвест секојмакедонски граѓанин може да добие еднаква можност, и најважно од се’, еднаков квалитет  за инвестирање на својот капитал, на своите сегашни и идни заштеди, како иприпандиците на најбогатите слоеви од најразвиените општества.
Лена: Ова е единствен начин што овозможува вложување надвор од Македонија.Сите други форми на инвестирање: депозити, акции, недвижности, итн, законски се ограничени само на територијата на земјава. Целото наше портфолио се состои од акции на компании во развиените економии –Германија, САД, В.Британија и Швајцарија. Сакам да истакнам, дека ова не е начин на вложување само за богати луѓе, туку секој што чувствува дека може да одвои барем 10% од својот приход на месечно ниво, и да очекува солидни приноси со релативно мал ризик.

-Како ќе им објасните на клиентите да вложуваат во акции, кога има светски кризи, пукање на “технолошки балони“, паѓање на берзите?

Андреевски: Светските берзи т.е главните светски берзански индекси на долг рок растат – 10, 15, 20 или 30 години наназад.Еве, на пример, германскиот берзански индекс DAX, каде што влегуваат 30-те најголеми компании кои котираат на Франкфуртската берза, од 2005 година до сега ја има зголемено својата вредност за околу 120%. Тоа е 8% годишенпросеченпринос, што пак е неколкукратно повеќе отколку банкарските каматни стапки во овој момент. Да не го заборавиме фактот дека токму во овие 10 години се случи и најголемата светска економска криза во минатите 50 години.Слично е и со останатите големи светски берзански индекси, како Dow Jones, S&P500, итн. Би истакнал дека поголемиот дел од компаниите во кои ние вложуваме редовно исплатуваат дивиденда од околу 2%-3% годишно на пазарната вредност, која комплетно им припаѓа на инвестирорите.

Arton LenaЛена: Ние како инвестициски фонд, гледаме да избереме акции на компании што имаат најдобри перформанси меѓу сите што влегуваат во овие индекси. Да илустрирам што значи инвестирање на долг рок во акции на успешни светски компании, ќе земам еден пример со Apple:кога излезе нивниот мп3 плеер iPod, пред точно 14 години, чинеше 400 долари. За тие пари тогаш сте можеле да купите околу 400 акции на Apple бидејќи една чинеше нешто повеќе од еден долар. Денес акцијата на Apple е околу 115 долари, што значи вашите 400 акции во овој момент би вределе 46.000 долари, анавашиот iPod после толку време најверојатно веќе ни трагата нема да му се знае.

-Во кои светски компании вие како фонд менаџери одлучивте да ги пласирате парите на вашите клиенти?

Андреевски: Околу 40-50% од нашето портфолио се акции на германски компании, меѓу кои би ги споменал Дајмлер(Мерцедес), Баер, Мјуних ре, Алијанс. Сите тие се гиганти во своите индустрии. Во нашето портфолио би ги издвоил акциите во Беркшир Хатавеј (компанијата на легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет),  Унилевер, во швајцарските компании Нестле и Рош, Епл, Мајкрософт, итн.Нашето портфолио е составено од80-тина моќни компании, лидери во најразлични индустрии – автомобилска, фармација, прехрана, технологија, во неколку развиени земји.Тоа значи дека нашите клиенти имаат географска, индустриска и валутна дисперзија на своето вложување.

 

ВФП Фонд Менаџмент со новитет

Животно осигурување и вложување во инвестициски фонд

ВФП Фонд Менаџмент од неодамна заедно со Винер лајф – животно осигурување, излегоа со иновативна понуда на македонскиот пазар: купувате полиса во Винерлајф, а парите што ги уплатувате за вашето осигурување, ВФП Фонд Менаџмент ги инвестира преку својот фондВФП Премиум Инвест на светските берзи.

“Она со што ние се гордееме, освен огромната доверба која нашите клиенти ни ја даваат овие 10 месеци, е довербата која ни ја даде еден од најголемите финансиски гиганти во централна и југоисточна Европа Vienna Insurance Group од Виена, доверба која Ве уверувам оваа компанија исклучително ретко и тешко ја дава. Од овој месец заеднички претставивме револуционерен продукт, кој е еден од најголемите, ако не и најголем, финансиски тренд во Западна Европа, и за прв пат доаѓа во поблискиот регион, и тоа ексклузивно во Македонија. Станува збор за Лајф Инвест, продукт кој претставува комбинација меѓу инвестирање во инвестициски фонд, и заштита на најблиските преку животно осигурување. Лајф Инвест претставува продукт за кој сме сигурни и ние, и нашиот партнер Винер Лајф, дека многу брзо ќе стане најдоминантен продукт на пазарот со финансии.“, објаснува Петар Андреевски – Главен Извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×