Преку ТЕ-ТО се переле пари од Руската федерација, Топлификација оштетена за 11,7 милиони евра
Објавено на од во Економија

Претседател на Управен одбор на ТЕ-ТО, стечајна судијка и нотарка заработија кривична пријава од Управата за финансиска полиција, бидејќи постои сомнеж дека преку ТЕ-ТО се переле пари од Руската федерација, а притоа и била нанесена штета на АД Топлификација во износ од 11,7 милиони евра.

POJGJ-finansiska-policijaВо кривичната пријава стои:

-Првопријавениот В.М. во својство на претседател на Управен одбор на пријавеното правно личе ТЕ-ТО АД Скопје, во текот на 2018 година со пречекорување на границите на своето службено овалстување, без одлука од Управен одбор, надзорен одбор или Акционерско собрание, спротивно на член 31 ст.5 од Статусот на пријавеното правно лице и член 455, член 456 ст.2, член 349, член 457, член 460 ст.3, член 354 ст.2 и член 376 од законот за трговски друштва, неовластено склучил Анекси на договори за заем, Нотарски спогодби и поднел Барање за отварање на стечајна постапка со план на реорганизација, со што предизвикал несолвентност на пријавеното лице и движниот имот и отварање на стечајна постапка.

Второпријавената С.Т. во својство на надлежен стечаен судија кој ја отвара и води стечајната постапка, со неизвршување на својата службена должност, без да го утврди ограничувањето на овластувањата во Статутот за првопријавениот В.М., донела решение со кое предлогот за отворање на стечајна постапка со план за реорганизација за пријавеното лице, се усвојува,

Третопријавената С.С. во својство на службено лице-Нотар со неизвршување на својата службена должност, спротивно на чл.55 ст.3 во врска со чл.54 од Законот за нотаријат, без да го утврди ограничувањето на овластувањата во Статутот на првопријавениот В.М. нотарски заверила Анекси на договори за заем и нотарски спогодби со извршени клаузули.

Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавените овозможиле пријавеното лице ТЕ-ТО АД Скопје да се стекне со противправна имотна корист, преку несолвентност, стечај и неможност да си ги плати обврските по правосилна судска пресуда, пришто нанеле значителна штета на акционерот- довцерител на пријавеното правно лице, на Топлификација АД Скопје, во вкупен износ од 721.683.587 денари.

Заради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „Лажен стечај“ по член 254, а поради постоење на финансиски трансакции спрема пријавеното лице ТЕ-ТО АД Скопје во износ од 7.964.250.000 денари, кои потекнуваат од кривично правни настани за кои се води кривична истрага во Руската федерација, парични средтва кои во периодот од 2005 до 2013 година, кога петопријавениот И.С, шестопријавениот Д.Д. и седмопријавениот М.С. се одговорни лица- Претседатели на Управниот одбор во пријавеното правно лице ТЕ-ТО АД Скопје се вложени во изградба на производствен процес за производство на електрична енергија во рамките на пријавеното правно лице ТЕ-ТО АД Скопје, постои основано сомнение за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по член 273 од Кривичниот Законик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×