Премиер лигата дала рекордни 211 милиони фунти за фудбалски агенти
Објавено на од во lifestyle

Клубовите од англиската Премиер лига платиле рекордни 211 милиони фунти (околу 241 милиони евра) на фудбалски агенти, покажуваат податоците на тамошната фудбалска асоцијација. Ова е за 37 милиони повеќе во однос на минатата година.

Најмногу пари за целта издвоил Ливерпул, со 26,8 милиони фунти за услуги на агенти. Сумата е дадена во периодот од 1 февруари 2017 година, до 31 јануари 2018, во кој влегуваат последните два трансфер периоди.

Челзи е на второто место со 25,1 милиони фунти, а меѓу првите три е Манчестер Сити со потрошени 23,4 милиони. Градскиот ривал, Манчестер Јунајтед е четврти, со потрошени 18 милиони. Единаесеттиот на табелата во Премиер лигата, Вотфорд, е петти по пари дадени за услуги на агенти, со 13,3 милиони фунти.

Минатото лето излезе информацијата дека агентите земале 1,5 милијарди фунти од англиските клубови во последниве шест години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×