Премиера на руската лимузина за Путин при неговото четврто стапување на должноста претседател
Објавено на од во lifestyle

Стапувањето на должноста на Владимир Путин, за нов, четврти мандат претседател на Русија, беше повод и за официјална премиера на претседателската лимузина за чиј развој се потрошени над 12 милијарди рубљи (160 милиони евра).

Автомобилот е познат како проект „Единствена модуларна платформа“, или „Кортеж“.

Иако сѐ уште нема официјални информации, специјализирани изданија одамна ги опишуваат основните параметри на лимузината под брендот Aurus. в1

Во рамките на проектот предмет на развој беа 4 типа, а денешниот е блиндираната лимузина ЕМП-41231SB, долга скоро 7 метри (6840 мм) и со 6.6-литарски бензински V12 мотор со турбини. Моќноста му е 860 коњски сили, вртежниот момент е 1000 Нм. Прототипот беше покажан на меѓународниот автосалон во Москва во август 2016 година, и се тврди дека е унифициран со 4.4-литарскиот V8 на седанот ЕМП-4123, развиен во соработка со Porsche.

Лимузината има автоматски менувач со 9 брзини, КАТЕ R932, од руски дизајн, без традиционалниот хидротрансформатор за подобра ефикасност. Трансмисијата е хибридна. в2

Путин со новата претседателска лимузина ја прекина традицијата да се користи Mercedes од брендот Pullman, што ја наследи од Борис Елцин кога стана претседател во 2000 година. Од 2004 година тоа беше новиот Pullman Guard W220, а потоа W221.

Во 2017 на пазарот излезе нова генерација под името Mercedes-Maybach S 600 Pullman Guard (VV222), но во тоа време веќе почнатиот во 2012 година проект „Кортеж“ сигнализираше дека ќе испорача лимузина за церемонијата во мај 2018.

Проектот целосно е финансиран од државниот буџет на Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×