Премиерот Никола Груевски во Кина, на Самит на премиери од централно источна Европа и Кина
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Никола Груевски е во неколкудневна посета на Народна Република Кина, каде ќе учествува на четвртиот Самит на шефови на Влади на земјите на централно источна Европа и Кина (16+1), и на петтиот Економско-трговски форум во Суџоу, кој ќе се отвори денес, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на шеснаесетте држави од ЦИЕ и од Кина.

Во владината делегација со која отпатува Груевски се вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и заменик министерот за економија, Христијан Делев.

Самитот ќе го отвори премиерот на НР Кина, Ли Кечианг, а на него освен од Македонија, ќе учествуваат делегации од Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора,  Босна и Херцеговина, Албанија.

Иницијативата за самитите произлезена од Кина потекнува уште од 2012 година и подразбира волја за соработка, за вложување во повеќе конкретни инфраструктурни проекти и забрзан економски развој.

Македонија ја поддржува иницијативата  на Владата на Кина за потесна соработка со земјите од централна и источна Европа во рамките на Процесот 16+1, при што досега има реализација на капитални проекти како изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, финансирани во соработка со кинеската Ексим банк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×