Премиерот Заев денеска ќе се обрати пред Европскиот парламент
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Zaev EUПремиерот Зоран Заев денеска денеска ќе се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во Стразбур пред европратениците во 11:45 часот, соопшти прес службата на Европскиот парламент.

Се очекува главни теми во обраќањето на Заев да бидат обезбедувањето на поддршка од јавноста и опозицијата за престојниот референдум, перспективите на Македонија и за реформите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија.

Пред два дена обраќање во европарламнетот имаше и грчкиот премиер Алексис Ципрас на тема „иднината на Европа“.

Ципрас во обраќањето ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.

„Со премиерот Заев успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион“, кажа Ципрас пред европратениците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×