Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев денес ќе ги објават мерките за поддршка на компаниите
Објавено на од во Економија

Пказзремиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денес во 13 часот во Владата на посебна прес конференција ќе објават сет мерки наменети за економијата.

Како што вчера најави вицепремиерот за економски прашања Анѓушев мерките содржат три главни столба, ќе бидат подеднакво наменети и за домашните и странските инвестиции, а главен критериум ќе биде резултатот од работењето.

Според Анѓушев, основно е дека мерките се наменети за оние компании кои можат да испорачаат раст и прогрес на Македонија, односно дека резултатот од работењето на компаниите ќе биде основен критериум за добивање помош од државата.

“Сите оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на својот приход во текот на тековната година ќе бидат финансирани и поддржани од државата во текот на наредната година во облик на поврат на одредени средства, но тие средства нема да бидат враќани во дискрециско право на преговарање, туку средствата ќе бидат враќани исклучиво во одредени критериуми и подеднакви за кој било инвеститор дали е гринфилд инвестиција или станува збор за постојни економски капацитети”, рече Анѓушев.
Истакна дека подеднакво по исти и одредени критериуми ќе бидат поддржани сите инвеститори. Појасни дека ќе има три главни столба на поддршка.

“Првиот столб на поддршка ќе биде гринфлд и браунфилд инвстиции, во ТИРЗ или надвор од нив. Компании што веќе работат и ќе бидат помогнати за тие и понатаму да инвестираат и растат. Третата група ќе бидат ткн. таргетирани компании, а четвратата компаниите кои се во стечај и ликвидација и нивно рестартирање”, рече Анѓушев.

Вториот столб, според Анѓушев, е за поддршка на извозот.

“Цело време зборуваме дека мора да имаме поддршка на извозот и затоа е креиран посебен сет мерки за поддршка на извозот. Предвидено е секоја компанија која ќе го зголеми својот извоз во фискалната година што се анализа во споредба со претходните три години ќе биде поддржана на начин што ќе има процент на поврат на нивните инвестиции што ги направиле за растот на тој извоз”, рече вицепремиерот.

Toj gи повика компаниите да бидат храбри да инвестираат и оти ќе бидат поддржани од Владата. Поддршката ќе биде поголема како се зголемува инвестирањето.

Анѓушев потенцира дека ќе бидат поддржани резултатите, а не желбите.

“Само така ќе може да бидеме сигурни дека секој денар на даночните обврзници ќе биде максимално одговорно искористен. Само така ќе бидеме сигурни дека на тој начин ќе ја отвориме спиралата на раст на БДП, на раст на плати на подобар живот и зголемување на животниот стандард”, рече вицепремиерот.

Третиот столб, посочи Анѓушев, ќе биде специјализиран за мали и средни претпријатија каде има цел сет мерки, а некои се направени по израелски пример.

Според Анѓушев, мерките не се случајно изградени, земени се предвид досегашните искуства, политиката, анализата што ја направи Светска банка, но и препораките од денеска презентираната студија на Владимир Глигоров.

По објавување на мерките ќе биде отворена дискусија со стопанските комори, финансиски институции, МАНУ, универзитетите и сите кои ценат дека можат да придонесат пред тие да бидат донесени.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×