Премиерот Зоран Заев ја доби претстижната награда за медитеранско лидерство
Објавено на од во Бизнис и политика

Glavna 2 „Капитал“ од Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон

На 5-тиот годишен Трансатлантски економски форум во Вашингтон,панелот целосно посветен на напредокот на Македонија, насловен „Вртење нова страница”, доби многу комплименти од другите учесници на Форумот, а македонскиот премиер Зоран Заев, како единствен од Западниот Балкан ја доби наградата за Медитеранско лидерство за 2017 година, за постојаните напори за зајакнување на соработката во поширокиот медитерански регион

 

 

Од 13 до 15 ноември, Центарот за трансатлантски односи – САИС, во партнерство со Американската стопанска комора, беше домаќин на 5-тиот годишен Трансатлантски економски форум во Вашингтон. Целта на тридневната конференција беше зајакнување на трансатлантската соработка, со посебен регионален фокус на поширокиот Медитеран, на Западниот Балкан, на МЕНА (регионот на Блискиот Исток и на Северна Африка) и на земјите од Персискиот залив. „Капитал“ присуствуваше на настанот преку директорот Љупчо Зиков, поради неговите долгогодишни врски со организаторите.

Оваа година посебен акцент на Форумот беше ставен на безбедноста и енергијата, за што дискутираа претставници на влади и на приватниот сектор од 15 земји.

Македонската делегација ја предводеше вицепремиерот на Владата, Кочо Анѓушев, кој и во оваа пригода, во Вашингтон, уште еднаш ги увери присутните за решеноста на Владата да ги забрза евроатланските интеграции, да создаде долгорочно одржлива економија во земјата, за што клучен дел е поддршката за приватниот сектор.

Панелот целосно посветен на напредокот на Македонија, насловен „Вртење нова страница“, доби многу комплименти од другите учесници на Форумот. Како единствен награден од Западниот Балкан, премиерот Зоран Заев ја доби наградата за Медитеранско лидерство за 2017 година за неговите постојани напори за зајакнување на соработката во поширокиот медитерански регион.

Наградата во негово име ја прими вицепремиерот Кочо Анѓушев.

28 aНапредокот на Македонија едногласно беше поздравен од учесниците на Форумот, а можеби најпластичниот комплимент го даде уредничката на босанскиот весник „Ослобоѓење“, Вилдана Селимбеговиќ, која рече дека би било одлично да дојдат „слични добри вести од мојата земја (БиХ), како од Македонија”.

Во услови на бројни и бурни глобални случувања, улогата на медиумите претставуваше важно прашање на овогодинешниот Форум. Директорката на „Гласот на Америка”, која е добитник и на Пулицеровата награда, Аманда Бенет, изјави дека „растечката дисфункционална парализа и недовербата кон медиумите имаат штетен ефект врз општеството”, додавајќи дека „треба да се спротивставиме на концептот што го живееме во општеството на пост – вистина“, и оти „не можеме да се откажеме од вистината толку лесно”.

Над Медитеранот демне безбедносна криза, се случува борба против илегалните миграциски текови со зајакнување на соработката за безбедност на границите, заедно со активностите за поразување на Исламската држава и на другите екстремистички групи. Но, сенаторот Роџер Викер, кој е претседател на американската Хелсиншка комисија, понуди поинаква перспектива за Средоземноморието. Истакна дека „не треба едноставно да размислуваме за Медитеранот како проблем што треба да се реши, туку како можност која треба да се искористи”, додавајќи оти „поддржувањето на развојот во транзитните и во останатите земји може да создаде нови пазари за европски инвестиции и стоки”.

За време на воведното обраќање, американскиот бизнисмен и дипломат, кој е секретар на американската морнарица, Ричард В. Спенсер, ја истакна посветеноста на Америка на зајакнувањето на мирот и на стабилноста, велејќи дека „САД нема да ги предадат своите меѓународни обврски и ќе продолжат да соработуваат со сите партнери и сојузници низ светот”.

На форумот се дискутираше за прашања поврзани со зајакнување на деловната соработка со САД; за поддршката за економска диверзификација на Блискиот Исток за да се намали зависноста од нафтата и гасот; за потребните економски и социјални реформи на Западниот Балкан, на патот на земјите од регионот кон членство во ЕУ …

Главната тема на дискусијатана панелите посветени на Балканот беше потребата за регионална соработка, односно дека со создавање регионален трговски блок, странските инвеститори ќе можат полесно да инвестираат преку границите, со што ќе се создаде попривлечна дестинација за инвестирање.

Центарот за трансатлантски односи ја доделува престижната награда за „Медитеранско лидерство” на мал број претставници од владите, приватниот сектор и невладини организации за нивната работа во зајакнувањето на трансатлантските врски и лидерството во поширокиот медитерански басен.

Годинава добитници на наградата, покрај македонскиот премиер Зоран Заев, се и четворица Американци – Крис Марфи, Роџер Викер, Џеф Фортенбери и Стив Лутс, Саудиецот Омар Бахлаива, Алжирецот Абделмумен Оулд Кадур и Египќанецот Омар Мохана.

Крис Марфи е сенатор кој го претставува Конектикат, а во Сенатот на САД се залага за отворање нови работни места, достапна здравствена заштита, образование, напредна надворешна политика … Член е на Комисијата за здравство, образование, труд и пензиски систем, и на Комисијата одговорна за расходите на Владата на САД.

Роџер Викер е сенатор кој го претставува Мисисипи и се залага за политики за зголемување на растот на економијата, за создавање нови работни места, за намалување на државните расходи, за одржување силна национална одбрана.

Бил претседател на Националниот републикански сенаторски комитет за време на 114-тиот Конгрес. Член е на сенатската Комисија за Трговија, наука и транспорт, каде е претседател на поткомисијата за комуникации, технологија, иновации и интернет. Потпретседател е на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Џеф Фортенбери го претставува првиот конгресен округ од Небраска во Претставничкиот дом на САД. Тој е член на Комисијата одговорна за расходите на Владата на САД, како и на три поткомитети со значење за американската национална и економска безбедност: за прашања од областа на енергетиката и водата, на градежништвото за потребите на армијата и за ветераните, како и за државни и меѓународни операции. Во Конгресот, Џеф е копретседател на Работната група за нуклеарна безбедност, копретседател на телото за религиозни малцинства на Блискиот Исток и копретседател на Конгресната студиска група за Европа.

Стив Лутс е извршен директор за блискоисточни работи во Американската стопанската комора. Одговорен е за управување со бизнис-советот САД-Египет, бизнис иницијативата САД-Ирак, и бизнис-иницијативата САД-Совет за соработка на арапските економии од Персискиот залив (GCC), и е извршен директор за секоја од нив. Toj e одговорен за развивање и спроведување политики и програми што ги промовираат бизнис можностите и инвестициите на САД во Египет, Ирак и GCC. Заслужен е за усвојувањето на Договорот за слободна трговија – САД-Доминиканска Република-Централна Америка (CAFTA).

Омар Бахлаива е генерален секретар на Советот на саудиските комори и на Комисијата за меѓународна трговија на Саудиска Арабија. Бил избран за еден од лидерите на Саудиска Арабија од страна на Leaders Publishing Corporation во 2007 и 2011 година.

Абделмумен Оулд Кадур е CEO на Sonatrach, алжирската компанија за нафта и гас во државна сопственост, најголема во Алжир и во Африка. Од 2009 година е посветен на консултантски активности во Алжир и меѓународно. Бил дел од бројни проекти поврзани со нафтата и со гасот во повеќе земји, вклучувајќи ги Катар, Алжир, Сенегал и Франција.

Омар Мохана е претседател е на Suez Cement Group of Companies (SCGC) – водечкиот производител на цемент во Египет, кој е подружница на мултинационалната Itlacementi, еден од светски најголемите производители на цемент.

Мохана е претседател и на Alexandria Tire Company – најголемиот производител на гуми во Египет, кој е подружница на Pirelli. Претседател е и на ACE Insurance Co. Egypt и на ACE Life Insurance Co. Egypt – и двете се подружници на американската мултинационална компанија за осигурување, ACE.

Потпретседател и директор е на Egypt Arab African Bank (EAAB).

Поранешен претседател е и на AmCham Египет, а актуелен на Египет-САД бизнис советот и член на италијанско-египетскиот бизнис совет. Член е и на француско-египетската комора во Египет, на Египетскиот меѓународен економски форум, и на Египетскиот совет за надворешни работи.

Член е и на Бордот на директори на Федерацијата на египетските индустрии (FEI) и претседател на Комисијата за меѓународни врски на FEI.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×