Преработувачката индустрија со најголемо производството во последните 20 години
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Преработувачката индустрија минатата година ја заврши со рекордно високо производство, најголемо во последните 20 години. Ова денеска беше соопштено на координативниот состанок на претставниците од оваа индустрија.

“Бројките ќе ги почекаме до март, но од она што беше увидено на терен, ланската година беше многу подобра од 2014 година. Климата беше најдобра во последните пет години, така што земјоделските производи имаа и квалитет и квантитет. Имаше суровина за откуп, за разлика од 2014 година. Преработувачките капацитети беа полни”, изјави секретарот на Македонската асоцијација на преработувачи, Сашо Ристовски.
Она што им е цел во иднина е подобрување на договорното производство, односно поголема координација со земјоделците и со институциите.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, истакна дека околу 370 илјади евра се предвидени за маркетинг-активности за овој сектор и за промоција надвор од земјава, кои ќе распределуваат во зависност од извозот на одредена компанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×