Преработувачката индустрија со поповолни очекувања за наредните три месеци
Објавено на од во Економија
Преработувачките капацитети имаат поповолни очекувања за обемот на производство во наредните три месеци, а состојбата со обезбедност на производството со порачки во август годинава во однос на јули е понеповолна, објави Државниот завод за статистика.
industrijaСпоред оценката на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија, залихите на готовите производи се зголемени во однос на јули 2019 година, економската состојба е поповолна, а се очекува незначително намалување на бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2019 година изнесува 69,8 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имале недостигот на квалификувана работна сила со 23,1 отсто, недоволната странска побарувачка со 18,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 15,3 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,6 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×