Преструктурирање на политичкиот простор во Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Првиот заклучок од резултатите на локалните избори покажува дека владеачката партија има доволно силни позиции во булгарското општество и е решена да го заврши својот мандат. Вториот заклучок, што може да се изведе, е дека ГЕРБ имаат трајна ситуација во пад на избирачката доверба. Тоа значи дека претстои преструктурирање на политичкиот простор во Бугарија, што најверојатно ќе се случи на следните парламентарни избори, анализира  Цветозар Томов, социолог, во специјална анализа за БГНЕС
bojko-borisovКако трет заклучок може да се каже дека Софија категорично го отфрла националистичкото и екстремно гласање.
„Резултатите на национал-популистичките формации се значително пониски отколку на евроизборите, па дури и од претходните локални избори. И покрај тоа што тие спроведоа луксузни кампањи со  големо количество странски пари“.
Томов смета дека кандидатурата на Борис Бонев може да се оцени како свежа крв на овие избори.
„Овој млад човек направи одлична шарена кампања. За повеќе во моментов не може да се зборувам“, убеден е социологот.
Томов не се нафати да ги коментира драстичните разлики во податоците на социолозите.
„Не можам да одговарам за активносотите на другите. Јас правев истражувања во Софија, кои не ги објавив и во нив нема големи разлики меѓу тоа што го набљудував за време на кампањата и тоа што се случи. За останатите не одговарам“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×