Пресуди за “Рекет“: девет години затвор за Бојан Јовановски – Боки13, а седум за Катица Јанева, екс шефицата на СЈО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Јовановски е прогласен за виновен за сторените кривични дела – „примање награда за противзаконско тргување со влијание“ и за “перење пари“, додека Јанева е виновна за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
IMG_20200618_124441_resized_20200618_124519872
Бојан Јовановски  – Боки13, првообвинет во случајот „Рекет“ денеска доби казна затвор од девет години, додека на второобвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО, Судот ѝ изрече затворска казна од седум години.
Јовановски е прогласен за виновен за сторените кривични дела – „примање награда за противзаконско тргување со влијание“ и за “перење пари“, додека Јанева е виновна за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
Судијката Васка Николовска – Масевска при објавување на пресудите за предметот “Рекет“ рече дека во казната ќе се пресметува и времето поминато во притвор. Да потсетиме, осомничените се наоѓаат во притвор, или во случајот на Јанева сега во куќен притвор, од јули месец минатата година.
Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај што го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.
Боки 13 во своето обраќање пред Судот по пресудата рече дека пресудата е дел од предизборната кампања и извикна дека парите треба да се бараат „кај Зоран и Вице Заеви“. Обвинетата Катица Јанева не беше присутна на судот. Таа доставила известување дека не може да присуствува поради семејни причини.
Судењето за предметот „Рекет“ почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица, а на првото рочиште обвинетиот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×