Претприемачите го воскреснуваат банкротираниот град
Објавено на од во Економија

The FistРенесанса во Детроит

Претприемништвото е во ДНК – та на Детроит. Тоа го направи градот една од урбаните индустриски икони на САД, познат на светот како срцето на американската автомобилска индустрија, но и родното место на “Мотаун“ звукот. Сега, пак, нова генерација на претприемачи посветено работи овој статус на Детроит да “воскресне“, пишува money.cnn.com. Само пет години откако градската управа мораше да побара заштита од банкрот, Детроит станува брзо растечки центар на иновации и претприемништво. Инвестицииво стартапите доаѓаат од повеќе страни: од самиот Град, приватни фондови или пак големи играчи на финансискиот пазар, како Quicken Loans. Затоа сега сè помалку има канцелариски простор што зјае празен, семејства купуваат домови во Детроит повторно, што пак ја врати и побарувачката за стоки и услуги.

“Има една луда енергија што те тера да бидеш тука ако си претприемач“, вели Мелиса Батлер, основач на The Lip Bar, производител на веганска козметика, лоциран во Детроит. Батлер го има лансирано The Lip Bar во Њујорк во 2012 – та, посветувајќи му само дел од својот работен ден, затоа што работела како финансиски аналитичар во банката Barclays. Но, многу набрзо погледот ѝ се сврти кон Детроит. Во тие моменти, градот познат како Motor City се наоѓаше на работ на финансиска катастрофа, мачејќи се со невработеноста од преку 20%. Следната година веќе, администрацијата на Градот Детроит го доживеа најголемиот банкрот во јавен сектор некогаш забележан во САД. Но, Батлер виде прилика во сета таа неволја. Капитал, од државни и приватни извори, почна да станува достапен за претприемачи со идеи коишто би создале приход, нови работни места и би го вратиле Детроит на патот кон економското закрепнување.

“Штом го видов тој наратив на Детроит што значеше промена по банкротот, односно од град на очајот во град на нови можности, решив да ја преселам својата компанија таму и да бидам дел од таа ренесанса“, вели Батлер.

Во 2013 година, таа дала отказ на Волстрит и следната година заминала за Детроит, којшто е и нејзин роден град, со цел fulltime да му се посвети на сопствениот стартап.

Брзо успеала да добие 20.000 долари вреден заем за мали бизниси, од непрофитната организација Detroit Development Fund. Бидејќи цената на недвижностите веќе била падната на рекордно ниски нивоа, Мелиса нашла деловни простории за само 300 долари месечно. Во меѓувреме Мелиса се има преселено во поголеми простории на неколку километри од центарот на градот, за коишто плаќа 1.700 долари, и има ангажирано девет вработени. “Во Њујорк киријата би била најмалку двојно поскапа“, вели таа.

The Lip Bar има една своја продавница во Детроит, исто така.
“Сите мислеа дека сум побудалела, но враќањето во родниот град беше најдобрата работа што ја направив за себе и мојот бизнис“, додава. На почетокот од годинава Батлер склучи договор со трговскиот синџир Target да снабдува со своите производи нивни 142 маркети низ цела Америка. Сега мора да вработи уште најмалку четворица, зашто бизнисот брзо расте.


36“Ресет“ на градот

На многу начини, банкротот на Детроит стана своевиден “ресет“ за градот.

Луѓето повторно купуваат куќи и станови. Побарувачката за стоки и услуги е сè посилна, и градоначалникот Мајк Дуган, избран во 2013 година, работи на тоа да се зацементира оваа верба во напредокот на градот, вели Мајкл Раферти, потпретседател на секторот за мали бизниси во Detroit Economic Growth Corporation.

“Немаше шанси да се случи ова закрепнување на Детроит доколку градската администрација не покажеше прво фискална дисциплина. Но, оваа голема претприемачка активност го подобри имиџот на градот, и помогна во негово возобновување“, вели тој.

Под водство на Дуган, градот стана партнер со Detroit Economic Growth Corporation и другите градски развојни агенции во лансирањето на Motor City Match програмата за доделување грантови, којашто обезбедува 500 илјади долари секој квартал за финансирање на нови или стартапи што се шират со бизнисот во Детроит.

Од основањето, програмата обезбедила стотина грантови вредни повеќе од пет милиони долари, со помош на кои се отворени 36 бизниси, а уште 33 се во редот за чекање.

Малите бизниси и пред банкротот на Детроит си наоѓаа свој дом таму, но оттогаш настана вистинска експлозија на бизнис активности.

Во последниве 3-4 години еден куп бизниси, од производители на потрошувачки стоки, до иновативни технолошки стартапи се лансирани во градот.

TechTown е инкубатор, што им помага на стартапите да пораснат, поврзувајќи ги со финансиери, ментори и други ресурси. Сместен е во поранешниот центар за продавање возила и сервис на General Motors, каде што е дизајниран и прототип на еден од моделите на Chevrolet Corvette, и досега има помогнато на преку 2.000 стартапи да се развиваат, добар дел од нив фокусирани кон технолошката сфера. TechTown помага претприемачи уште од 2000 година, а во последно време значително расте бројот на стартапи што бараат поддршка тука, односно по 450 стартапи најмалку годишно доаѓаат во просториите на инкубаторот.

Огромниот раст на оваа стартап активност е потпомогната од комбинација на фактори, вклучително и квалификуваната работна сила што е на располагање и ниските режиски трошоци, објаснува Пол Рајзер, менаџер на TechTown.

Сега, не само што се цените на недвижностите во Детроит с$ уште пониски споредено со другите големи градови во САД, туку и банките сега се порасположени да кредитираат купување на деловен простор, вели Раферти од Detroit Economic Growth Corporation.

Исто така и приватните извори на финансирање се составен дел од целиот овој систем на поддршка на стартап сцената, вели Памела Луис, директор на New Economy Initiative во Детроит.

Лансирана во 2007 година, оваа филантропска фондација има дадено досега преку 115 милиони долари во грантови на дузина непрофитни организации, инкубатори, акцелератори и тренинг програми за претприемачи што помогнале да се лансираат и пораснат речиси 1.600 бизниси во пошироката област на Детроит. Овие организации и програми исто така обезбедиле техничка поддршка за 5.000 “маалски“ бизниси, помагајќи им да креираат повеќе од 6.600 работни места.

“Со декади постоеше една своевидна мантра овде во Детроит, дека с$ треба да е поврзано и да се потпира на една индустрија, а тоа беше носечката, автомобилската индустрија. Ние сметавме дека ќе биде корисно нашите грантови да ги искористиме за поттик на диверзифицирана претприемачка култура, така што секој со добра идеја да може да направи бизнис. На овој начин сме подобро спремни за новата економија и дигиталното време“, вели Луис.


37“Батали банкрот!“

Браќата Боб и Џо МекКлар ја основале својата компанија за производство на кисели краставички , McClure’s Pickles во Трој, Мичиген, во 2006 година, користејќи го рецептот на нивната прабаба Лала. “Како деца правевме кисели краставички секое лето и им ги разделувавме на пријателите и блиските од семејството“, вели Џо.

Во 2012 –та браќата се селат во Детроит, во време кога градот доживуваше своевидна кулинарска ренесанса. “Во тој момент нашите производи ги дистрибуиравме во половина од државата“, додава тој.

Меѓутоа, година дена подоцна, Градот Детроит банкротираше. Сепак, тоа не ги исплаши браќата МекКлар.

“Батали банкрот!“, вели Џо. “Многу локални претприемачи, со с$ нас, здруживме сили со цел да му помогнеме на Детроит повторно да застане на нозе.“

Пет години подоцна, нивните кисели краставички се продаваат во најголемите трговски синџири, како Walmart, Costco, Kroger, итн. Компанијата има 34 вработени, продолжува да прави профит, а приходите ѝ растат од 12 до 20% годишно.

Во јули годинава, браќата купија ја купија поранешната зграда на компанијата American Axel & Manufacturing, простор што претходно го најмуваа, со цел да биде нивно седиште и производен капацитет.

Покрај грантовите, екосистемот за малите бизниси во градот е поддржан и од останати приватни финансирачки програми, вклучително и кредиторите Quicken Loans.

Основана од Ден Гилберт, и самиот од Детроит, Quicken ги пресели своите канцеларии во центарот на градот во 2010 година. Во 2017 – та, компанијата објави натпревар вреден еден милион долари, за стартапи што развиваат продукт или услуга спремна за лансирање на пазар. Натпреварот имаше осум победници лани, а годинава седум најдобри проекти поделија вкупно 1,2 милиони долари бескаматни заеми или пак еквити инвестиција во рангот од 50.000 до 300 илјади долари.

Стартапот Farm to Freezer, којшто замрзнувасо процесот на т.н. flash freezing и дистрибуира овошје и зеленчук коешто расте низ државата, до школи, болници и продавници, освои 325 илјади долари годинава.

“Детроит ни нуди пристап на пазарот тука, но и на регионалните пазари“, вели Брендон Сенг, којшто ја основал компанијата во Траверс Сити во 2012 година, а ја преселил во Детроит во 2017 – та.

“Имаме потенцијал за 10 пати поголем пласман и сакаме од државата Мичиген да излеземе во регионални рамки“, вели Сенг, којшто скоро ангажираше уште осум нови вработени.

За етаблирани бизниси коишто го преживеаја банкротот на Детроит, како изведувачот на водоводџиски работи Benkari LLC, заживувањето на градот носи големи придобивки.

“Откако сме формирани во 2008 година преживеавме голема бура. Тоа беше можеби најлошо време да се почне бизнис, затоа што економијата штотуку беше почнала да влегува во рецесија, а потоа дојде банкротот на градот.“, вели А.К. Бенет, којшто е втора генерација менаџер во компанијата, заедно со мајка си Адриен.

Неколку години фирмата беше принудена да прифаќа било што да работи само за да преживее, но во меѓувреме нештата се свртеа.

“Сега има толку многу нови ресторани, продавници, деловни згради, реновирања и сл., што работа има колку сакаш“, вели Бенет. Приходот на неговата компанија во 2016 – та е три пати поголем во однос на 2015, и оттогаш постојано расте.

“Мислам дека и годинава ќе порасне трикратно заради еден голем договор што го добивме. Имаме доволно работа за следните четири години. Супер возбудливо е сега да работиш во Детроит и ние сме многу среќни.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×