Претседателот на Европарламентот: Интеграцијата на Балканот е приоритет на ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во тек на посетата на Бугарија која се подготвува да го преземе претседавањето со Советот на Европската унија, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, денеска изјави дека ЕУ ја поставила како приоритет интеграцијата на Балканот.

„Тоа е регион што треба да биде приоритет“, изјави Тајани во Софија, наведувајќи ја важноста на „процесот на пристапување на одреден број земји“ од Балканот, и „стручноста“ на Бугарија во тој поглед.

Бугарија во првите шест месеци од 2018 година ќе претседава со Европската унија – првпат откако пристапи во ЕУ во 2007 година.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, неодамна во Брисел побара да се потврди европската перспектива на земјите од поранешна Југославија.

Борисов денеска наведе дека постои „огромна можност да се види вистински напредок“ на ова поле, и покрај неволноста кај дел од европското јавно мнение за ново проширување на ЕУ.

Тој вчера предупреди на ризикот од „огромна напнатост“ на Балканот ако некои земји не бидат примени во ЕУ, и наведе, во тој случај, можност за создавање „нови сфери на влијание на други големи сили“ како Русија и Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×