Претседателот на Европскиот совет, Туск викендов доаѓа во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, доаѓа во Скопје. Според најавите, станува збор за итна посета на трите балкански земји – Србија, Албанија и Македонија, кои се главна рута на бегалците од воените конфликти на Блискиот Исток, но и на економските мигранти.

Според соопштението, Туск најпрво ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград во сабота, а во недела наутро во Тирана ќе оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама. По средбата со Рама, во недела попладне е најавено неговото доаѓање во Скопје.

Туск во Македонија ќе оствари средба со претседателот Ѓорѓе Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Инаку, причините за посетата не се откриваат, но се претпоставува дека главната причина е бегалската криза. Според МИА, намерата е во Македонија, Србија и другите земји по должината на западно-балканската бегалска рута привремено да сместат 50.000 бегалци.

Ова ќе биде прва посета на претседателот на Европскиот Совет, Туск на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×