Претставување на „Bluecloud“ – мобилен инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Центарот за трансфер на технологии и иновации „Инофеит“ и компанијата „Информ“ денеска ќе го претстават мобилниот инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето (Pm₁₀, Pm₂.₅, CO₂, NO₂, SO₂, CO) – „Bluecloud“. Производот е плод на соработката на „Инофеит“ и „Информ“, а е развиен со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.
zagaduvanje skopje„Потребата за ова ново техничко и иновативно решение произлегува од проблемите со аерозагадувањето во земјата. Зголеменото количество на ПМ-честички во воздухот, како и останати штетни гасови што секојдневно ги вдишуваме во урбаните средини низ државата, создаваат огромна штета на генералното здравје на популацијата, како и непоправлива економска штета за државата. За да се собори овој голем проблем, потребна беше иновација и соработка на повеќе нивоа“, вели во соопштение Тодор Стојчевски од „Chapter4“.
Оваа иновација, како што се наведува во соопштението, ќе донесе можност за проширување на микролокации што не се покриени со стационарните мерни станици, а со тоа се добива можност да се вршат мерења и преку наведувани летала – дронови, зголемено количество информации со аналитика преку cloud сервис и модуларен пристап со што ќе го олесни начинот на одржување на уредот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×