Презадолжувањето на општините се правело со “амин” од секоја власт
Објавено на од во Економија

Опстини 1Неодамнешната одлука на Владата да одвои 50 милиони евра неповратни пари од државниот буџет за да им исплати 51% од доспеаните неплатени долгови на општините во Македонија на површина го извади проблемот со финансиската неодржливост и нестабилност на многу општини во Македонија. Имено, околу 20% од општините во Македонија во последните шест години работат со блокирани сметки. Кај некои општини состојбата е алармантна заради тоа што неизмирените обврски достигнуваат дури до 80% од нивниот годишен буџет.

Експертите кои ги консултираше Капитал објаснуваат дека ваквото работење на општините е незаконски. Имено, според членот 39 од Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа вели дека доколку Општината е континуирано блокирана во период подолг од 45 дена или доколку општината не го плати доспеаниот долг во рок од 90 дена од датумот на доспевање мора да биде прогласена финансиска нестабилност.
Во Законот се вели дека градоначалникот е должен за настанатата финансиска нестабилност да го информира Министерот за финансии, кој пак е должен во рок од 15 дена да донесе решение за започнување на посебна постапка за надминување на финансиската нестабилност и да формира Комисија која ќе изготви план за излегување од финансиската нестабилност . Од денот на донесувањето на решението за финансиска нестабилност, Законот вели дека градоначалникот не смее да донесува одлуки со кои може да се зголемуваат финансиските обврски, да основа нови јавни претпријатија и установи и да врши плаќање на обврски кои не се согласност со планот изготвен од посебната Комисија за надминување на финансиската нестабилност. Доколку фискалната нестабилност не се надмине во рок од една календарска година, Министерот за финансии е должен да наметне буџет на општината согласно насоките за нејзино надминување.
Иако Законот за финансирање на локалните единици јасно пропишува како да се спречи и надминат финансиските проблеми и презадолженост на општините, досега ниту еден министер за финансии не го отворил јавно овој проблем, ниту пак предложил начин за нивно надминување, иако е законски обврзан на тоа.
Тоа недвосмислено упатува на заклучок дека презадолжувањето на општините за сиве овие години наназад е правено со преќутна согласност и амин од централните власти.

Во новиот број на магазинот Капитал читајте повеќе на оваа тема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×