Презентирана студијата „Социоекономското влијание на Пивара Скопје“ – прва од ваков вид во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Социоекономското влијание на Пивара Скопје“ е студијата, прва од ваков вид во Македонија, што денеска беше презентирана во Стопанската комора, а го прикажува степенот на влијание на Пивара Скопје врз македонската економија, односно, врз создавањето работни места и благосостојба, што произлегуваат од нејзините активности низ целиот синџир на креирање вредности. Извештајот што стои зад студијата е подготвен во соработка со Deloitte Sustainability Consulting Central Europe.

Главните заклучоци од истражувањето се дека бруто додадената вредност што ја создала Пивара Скопје во 2016 година изнесува 44,6 милиони евра, од кои директното влијание врз македонската економија е 24,5 милиони, индиректното 12,4 милиони, а индуцираното 7,7. Пивара Скопје влијае врз 1.747 работни места (директно врз 377, индиректно врз 875 и индуцирано врз 495) и годишно исплаќа 13,7 милиони евра личен доход (при што директното влијание е 6,4 милиони, индиректното 4,5 милиони, а индуцираното 2,8). Индиректните влијанија произлегуваат од деловните трансакции на Пивара Скопје со нејзините добавувачи, а индуцираните се последица на дополнителниот импулс создаден во економијата преку трошењето од страна на вработените во Пивара Скопје и кај добавувачите.

Во студијата се наведува дека околу 5,980 луѓе делумно или целосно зависат од личниот доход создаден од Пивара Скопје.

Вкупниот даночен придонес на Пивара Скопје во 2016 година, што се состои од акцизи, ДДВ, даноци за вработените, данок на добивка и други даноци на производство, е 21,1 милиони евра. Акцизите и ДДВ како индиректни даноци прават над 17,1 милиони, а директните даноци платени од компанијата и од нејзините вработени достигнуваат до 4 милиони евра.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во воведното обраќање на настанот рече дека студијата „Социоекономското влијание на Пивара Скопје“ е поттик и за другите компании да покажат каков импакт имаат врз општеството.

Поконкретно за квантификацијата содржана во студијата говореше заменик министерот за економија, Кире Наумов, кој за истата рече дека е „независна, објективна, квантифицирана, транспарентна“, и како таква соодветно го мери директното и индиректното влијание на Пивара Скопје врз економијата и општеството воопшто. И Наумов апелираше и другите компании што се во можност, да го следат примерот на Пивара Скопје со покажување на нивното социоекономско влијание во Македонија.

Во своето обраќање, генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, рече дека најголемо богатство на компанијата се нејзините вработени, кои благодарение на поврзаноста со Coca-Cola HBC AG и со Heineken N.V. имаат можност да се усовршуваат на најдобар можен начин, и потоа знаењето и вештините да им ги испорачаат како вредност на потрошувачите на производите на Пивара Скопје. Радосављевиќ се осврна и на културата на корпоративна одговорност што се негува во компанијата, наведувајќи соодветни проекти на Пивара Скопје, чие влијание врз заедницата, како што рече, е насочено кон поддршка и подобрување на квалитетот на животот на сите нејзини членови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×