Презентирани мерките за вработување „Шанса за сите“
Објавено на од во Економија
Корисници на програмата може да бидат и невработените лица што имаат завршено обука за претприемаштво и/или изработено бизнис-план во 2018 година.
sansa za siteАгенцијата за вработување денеска во просториите на Општина Аеродром го претстави оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година „Шанса за сите“. Мерките беа презентирани пред заинтересирани работодавци и сопствениците на микро, мали и средни претпријатија, во присуство на градоначалникот Златко Марин.
Програмата е наменета за невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост и невработени жени од ранливи категории (приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, долгорочно невработени жени, самохрани мајки, социјално исклучени жени врз основа на технолошки вишок и стечај).
„Во Општина Аеродром во овој момент има повеќе од 1000 активни баратели на работа. Агенцијата е подготвена на секаков можен начин да соработува со работодавците. Идејата е убав живот, намалување на невработеноста и развој на приватниот сектор, изјави директорката на Агенцијата за вработување“, Билјана Јовановска.
Заинтересираните работодавци и баратели на работа за сите детали околу планот „Шанса за сите“ можат да се обратат во Агенцијата за вработување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×