Прибе е во Скопје – денеска имаше средба со Вангеловски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска имаше средба со групата експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од Рајнхард Прибе.

Како што соопшти Врховниот суд, на средбата се разговарало за актуелната состојба во судството и за предлог-мерките за спроведување реформи подготвени од страна на претседателот на Врховниот суд, со цел независно и непристрасно судство како гарант на демократијата и владеењето на правото, во функција на заштита на човековите слободи и права.

Експертската група предводена од Прибе, според најавите, во текот на оваа недела престојува во земјата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×