Приходите и добивката на Apple пораснале и покрај падот на продажбата на iPhone
Објавено на од во hi-tech & business

Apple во последното ланско тромесечие остварил приходи од 88,3 милијарди долари, 12,7% повеќе отколку година претходно, а иако кај продажбата на iPhone има пад, добивката на компанијата достигнала рекордни нивоа.

Според вчера објавениот финансиски извештај, чистата добивка на Apple во минатото тромесечие изнесувала рекордни 20,7 милијарди долари, што е за 15,7% повеќе отколку година претходно.

Падот на бројот на продадени уреди (кај iPhone се работи за 1% на годишно ниво) Apple го надоместил со зголемени цени на новите модели, како што е iPhone X. Така,во минатото тромесечие просечната продажна цена на iPhone изнесувала 796 долари, 15% повеќе отколку година порано.

Светла точка во извештајот е растот на приходи од услуги, кои меѓу останато ги вклучуваат апликациите Apple Music, Apple Pay, App Store и iCloud, за 18% на годишно ниво, на 8,4 милијарди долари.

Од друга страна, приходите од другите производи на компанијата, како Mac компјутерите и iPad уредите не воодушевуваат. Во минатото тромесечие биле продадени 5,1 милиони Mac компјутери, скоро исто како година претходно, додека продажбата на iPad паднала за 3,7%, на 13,1 милион.

Apple објави дека во првото тромесечие од 2018 година очекува приходи меѓу 60 и 62 милијарди долари, што е помалку од очекувањата на аналитичарите, кои проценуваа околу 65 милијарди.

Пониските проценки, според аналитичарите, би можеле да значат дека Apple смета оти верните поклоници во САД, во Европа и во Јапонија се подготвени да платат повисоки цени за iPhone X, но оти новите модели се прескапи за другите потрошувачи, особено во Кина, вториот најголем пазар на Apple после американскиот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×