Приходите на Alibaba скокнале над 60%, а добивката над 130%
Објавено на од во hi-tech & business

Кинеската интернет трговска платформа Alibaba извести за раст на нето добивката за 132%, во, како што се оценува во извештајот на компанијата, „извонредното“ тромесечие.

Во изминатиот квартал Alibaba имала нето добивка од 2,67 милијарди долари, а приходите достигнале 8,3 милијарди, повеќе од очекувањата на аналитичарите.

„Во ова тромесечие остваривме одлични резултати, при што вкупниот раст на приходите за 61% покажува силен замав во нашата основна бизнис дејност и во целата група Alibaba“, наведува компанијата во соопштение по поводот.

Alibaba како причини за силниот раст ги наведува технолошките иновации, вклучувајќи ја и апликацијата за клучната платформа за интернет купување Taobao, која, како што се тврди, има сѐ подобра способност за антиципирање и сугерирање при купување од страна на стотини милиони купувачи.

Alibaba остварила солиден раст на приходите покрај во главната дејност (интернет трговијата, 63%), и во cloud одделот, и во дигиталните медиуми.

По овие квартални резултати, компанијата ја зголеми прогнозата за растот на годишните приходи на 49 до 53%, во однос на досегашните очекувани 45 до 49%.

Alibaba, основана од Џек Ма – денес еден од најбогатите Кинези, има серија добри бизнис резултати и редовно ја надминува проценката за приходите. Од почетокот на годинава акцијата на компанијата порасна 110% на Wall Street.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×