Приказната зa Brainster: Од прва рака за успехот на еден македонски стартап
Објавено на од во Start-up

Петар Ниновски, основачот на иновативниот центар за едукација и кариерна трансформација Brainster има да сподели неколку совети од своето лично искуство,  со сите млади претприемачи или wannabe претприемачи. 

 

Slika broj 1

Петар Ниновски со својот тим од Brainster

 

 

 

 

 

 

 

 

Наполнивме 2 години. Наместо огномети и кафани решивме да го споделиме нашето искуство со вас за започнување на бизнис во Македонија.

По 2 години од основањето Brainster брои 5 вработени (сите се дипломирани на Академиите на Brainster), 40+ инструктори, 40+ партнерски компании, 100+ компании кои ги развиваат вештините на вработените преку нашите курсеви и Академии, и 4000+ учесници кои ја трансформираа својата кариера. 2 години? Нам ни изгледа како вечност ако направиме ретроспектива на сè што постигнавме. А почна како една идеја.

 

За оние кои не нè знаат: Brainster е иновативен центар за едукација и кариерна трансформација кој преку курсеви и Академии им овозможува на сите да дојдат до кариера која отсекогаш ја посакувале, па ги поврзува со компаниите кои имаат потреба од таленти.

 

Од почетоците во 2015та па до денес, сè се случуваше многу брзо: Напуштив работа, најдов тим на програмери, им се вселив во нивните канцеларии, го лансиравме продуктот, започнавме со првите курсеви, стотина непреспани ноќи (или повеќе), немавме сопствени училници па рентавме, тимот почна да расте, започнавме со Академии и нови програми, над 4000 луѓе веќе поминаа низ нашите програми и 3 пати се селевме во поголеми канцеларии. Леле што направивме!

Slika broj 2

 

 

 

 

Еве неколку совети за сите што мислат да започнат свој бизнис:

 

Не барајте shortcuts, не постојат. Да, тешко е да изградиш успешен бизнис from scratch, има многу работа и стрес. Но тоа е животот и го сакаме таков. Светлата страна е дека работите нешто што ви претставува задоволство и има само 1 услов за успех – треба од некаде да почнете. Идеите не се реализираат сами а вистинската магија се случува тогаш кога за прв пат ќе излезете на маркет. Од мое искуство, тогаш доаѓаат идеите, можностите, партнерите и финансиите. Најдобро можете да дознаете што функционира ако пробувате, тестирате и применувате во исто време.

 

Престанете со изговори. Независно од претходните неуспеси, образованието и стартната точка, преземете целосна одговорност за себе и сè што правите. Не ги обвинувајте екстерните фактори. Има многу успешни бизниси во нашата земја кои се реализирале преку иновативен пристап кон работата, секојдневно учење и силен претприемачки дух.

Независно од картите кои ви се поделени, важно е како ќе ја изиграте раката.  

Slika broj 3

 

 

 

 

За секој неуспех виновни сте вие. За секој успех – браво за вашиот тим.

Прифатете го тоа, така треба да биде.

 

Размислете прво на вредноста.

Што ќе им дадете на вашите клиенти и соработници пред да почнете да продавате? Инвестирајте во долгорочното задоволство на луѓето со кои соработувате. Во случајот на Brainster, тоа се гледа и мери во секој момент: учесниците напредуваат во кариерата а компаниите ги добиваат најдобрите таленти кои циркулираат на пазарот на труд. Тие две работи не одат едно без друго, и двете страни мора да бидат задоволни.

 

Изградете заедница

Направете поврзаност со брендот и чувство на припадност. Придонесувајте за заедницата и дозволете таа да ви се приклучи во градењето вредности. Brainster-ите оваа заедница ја градат околу своите професии – се поврзуваат врз основа на своите интереси, соработуваат и заедно растат во дигиталниот свет.

 

Градете продукти за нив(brainster.io), споделувајте го вашето искуство со текстови како овој или пишувајте блог, бидете секогаш достапни за разговор, придонесете за остварување на нивните соништата и не очекувајте ништо за возврат.

Slika broj 4

 

 

 

 

Имајте јасна визија.

Каде го гледате вашиот бизнис во иднина? Визијата на нашиот тим е да креираме 1 милион успешни приказни преку револуција во образованието. Да им помогнеме на 1 милион луѓе да стигнат до успешна кариера. Направете ја вашата визија јасна, прецизна и мерлива. Никогаш нема да знаете што треба да правите без да гледате во далечината.

 

Не можете да контролирате сè.

Тешко е да се откажете од работите кои ги работите и да ги делегирате обврските, но опасно е кога ќе станете „bottleneck“ – тесно грло на вашата компанија. Дајте му слобода на тимот, нека почувствуваат ownership и одговорност спрема своите задачи, па ќе почнете да се разбирате подобро.

 

Што да очекувате до следниот роденден на Brainster?

Две нови платформи, партнерства надвор од Македонија, 5 нови програми, нови вработувања и нови канцеларии. Секојдневното иновирање е она што ни го овозможува овој раст. Имаш идеи за како да се вклучиш? Стани дел од Brainster заедницата преку https://brainster.co/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×