Прилепските фирми се жалат на критичен недостиг од работна сила
Објавено на од во Економија
Прилепското стопанство има потреба од работници, реагираа рабтодавачите на седница на Економскиот совет. Околу 7 илјади активни баратели на работа во Центарот за вработување не можат да ја задоволат моментална побарувачката на фирмите.
irena-jakimoskaРаботодавачите се соочуваат со проблем при подготовката на краткорочните 5 годишни планови за развој, вели Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната канцеларија на Стопанската комора за Прилеп.
„Регионалната канцеларија се обрати до Агенцијата за вработување, од каде дознавме колкав е бројот на активни баратели кои сакаат да остварат работен однос. Во моментов правиме интервјуа со нив, зошто и покрај тоа што им се нуди работна позиција, тие немаат интерес да се вработат. Бројката вели дека постојат 6.964 активни баратели на работа, а од друга страна стопанството се соочува со проблем на наоѓање работници за да можат фирмите да ги реализираат своите бизнис планови. Најважно е да се „прочешла“ списокот, да се види реалната состојба за побарувачката и понудата, после што ќе одиме со конкретни мерки за надминување на недостигот од работна сила“, нагласи Јакимоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×