Прима Мебел утре го отвара новиот салон за мебел во Кисела Вода, осми во Македонија
Објавено на од во Компании
Прима Мебел

Во седмата година на своето работење во Македонија, Прима Мебел утре 04 октомври 2017 го отвара вториот салон  во Скопје, кој е лоциран во населбата Кисела Вода. Ова претставува 8-ми салон во Македонија на најголемиот хрватски малопродaжен ланец и производител за мебел Прима Мебел, кој претставува европски квалитет кој ги воодушевува купувачите не само во Хрватска, туку и во Германија, Франција, Белгија,Велика Британија и Швајцарија.

Новиот ексклузивен продажен салон кој се наоѓа на улицата Борис Трајковски број 166, ќе нуди не само модерен и квалитетен мебел, туку и целокупни решенија за функционално и естетско уредување на домот. Прима Мебел создава мебел од различни стилови, но сите ги соединува во едно, комбинација на нови трендови и традиционални вредности со најдобар однос на цена и квалитет!
Исто така, тука е и стручниот и љубезен персонал кој што е вистински пријател на купувачите и им нуди најдобри решенија во согласност со нивните желби и потреби за сите предизвици во современиот живот.

На големата прослава по повод отварањето која ќе се одржи во сабота на 07 октомври 2017 година во новиот салон на Прима Мебел во населбата Кисела Вода, посетителите ќе ги очекуваат хит цени и  посебни понуди, а за сите купувачи ќе има и гратис скара.

Корпорацијата Прима е основана во 1995 година во Бјеловар, Хрватска. Производството се одвива во осум современи фабрики (три фабрики за плочест мебел, две фабрики за тапациран мебел, фабрика за производство на мебел од масивно дрво, фабрика за производство на фронтови со висок сјај и фабрики за душеци и подници) и 55 продажни салони во Хрватска и осум салони во Македонија.Освен на домашен пазар присутни се и на пазарите во Германија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија и Велика Британија.

Како производител посветен на осмислување на најдобри решенија за купувачите,Прима посебно внимание посветува при изборот на природниот материјал во завршната обработка, што гарантира трајност и квалитет на производот.Континуираното вложување во развој и производство резултира со голем пораст на корпорацијата, како и добивањето на престижната Best Buy Award награда  2016/2017 во категорија за производство на тапациран мебел, посебно на аголни гарнитури, троседи и двоседи.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×