“Принцип комерц“ конзервна индустрија: Приказна за тоа како Петар Ристовски и неговата компанија носат живот во Давидово!
Објавено на од во Профил

Princip komerc 952

Херои на македонскиот бизнис

Капитал ќе раскаже мала приказна за вистинскиот мал бизнис. Таму каде што малку се зборува, а многу се работи и создава. Таму каде што се случуваат вистински промени и тоа видливи. Ова е приказна за човекот кој пред многу години требаше да работи “во државно” како полицаец, но наместо таму отишол на кванташки пазар. Почнал да тргува буре по буре, за да денес е инвеститор на фабрики во Давидово, родното село на неговиот татко.
Освен што го менува животот свој и на своите вработени од селото, Петар го менува и самото село.  Носи живот. И затоа таму секој ќе ви каже
“Со Перо живото дојде уф Давидово”!

“Еве, живото дојде уф Давидово“, со широка насмевка не пречека пред влезот во неговата мала фабрика Петар Ристовски, сопственикот на “Принцип Комерц“, производител на преработки од зеленчук и овошје од ова гевгелиско село.

Петар нè покани да ја посетиме неговата компанија, заради две главни причини, како што рече самиот: прво, да се увериме на лице место како се прави македонскиот БДП, составен меѓу другото и од додадената вредност на илјадниците мали и средни производители од преработувачките индустрии, малите херои на македонската економија, како што милуваме да ги нарекуваме ние во Капитал. Второ, рече дека сака да ни покаже дека крајот пополека заживува, како заради неговите напори да прави бизнис во родното село на неговите родители, каде што тој всушност доаѓа од Скопје, каде што е роден, така и заради очекувањата од неколку проекти што се најавуваат на потегот Гевгелија – Валандово.

И ние го фативме “патот под тркала“ со нашиот фотограф едно облачно претпладне кон средината на месецов, возејќи по, да го наречеме сè уште стариот автопат Е-75, или “Александар Македонски“ како што се вика од Табановце до Гевгелија, сè додека не стигнавме до моментот да се исклучиме десно кон Давидово, преку мостот што го дели од соседното Удово, кое што отаде Вардар припаѓа на општина Валандово. Дојдовме на сред село, каде што се наоѓа семејната куќа на Ристовски и погоните на “Принцип Комерц“. Денот иако сив и тмурен, се претвори во весела рапсодија заради заразниот оптимизам и ентузијазам што го емитуваат Петар и неговиот тим соработници.

Princip komerc 952 frejm

Нашиот домаќин вели дека шеговитата алузија на политичкиот слоган од неодамнешната изборна кампања во земјава со која го почнавме овој текст за него и не е само шега.

“Искрено се надевам  дека доаѓаат подобри времиња за овој крај, познат најмногу по примарно земјоделско производство. Со завршувањето на новата автопатска делница од Демир Капија до Смоквица ќе се подобри значително и инфраструктурата во југоисточниот дел на земјава, нашите бизниси ќе бидат подобро транспортно поврзани во коридорот 10, а новата централна и локалните власти ветија и уште неколку проекти значајни за овој регион“, вели Ристовски.

Всушност, неговата компанија, формирана уште во 1993 година на домашниот пазар е најмногу позната по продажбата и дистрибуцијата на маслинки, коишто денеска зафаќаат околу половина од обртот што го прави Ристовски годишно. Маслинките ги увезува од Грција, и потоа непреработени или пак со додатоци на пиперки, бадеми или корнишони ги пласира на пазарот во Македонија, но и за извоз. Остатокот од бизнисот отпаѓа на сопствени преработки на зеленчук, печурки и овошје, во вид на туршија, слатка и сл. Нешто повеќе од една третина од целиот асортиман на “Принцип комерц“ оди за извоз, а плановите на сопственикот се овој процент уште повеќе да се зголемува во блиска иднина.

Меѓутоа, како и мнозинството земјоделски производители  и преработувачи  на земјоделски производи од гевгелиско – валандовскиот крај, тој голема опасност за реализирање на овие планови гледа во најавената изградба на рудници токму во овие предели, при што изградбата на еден рудник близу Валандово веќе е во полн ек.

“Производството на храна и рудниците не одат заедно. Жителите од овој регион имаат искуство во производството на земјоделски производи, по што сме познати  во балкански и европски рамки, а и пошироко. Токму поради тоа, стратешки интерес  за овој регион треба да биде чиста и здрава животна средина за производство на квалитетна и здрава храна. Штетните влијанија од рудниците врз животната средина и здравјето на населението се познати на сите. Искрено се надевамe дека ќе се најде решение за овој проблем

Princip komerc 952 05Трговијата со маслинки беше попривлечна од полициската униформа

Инаку, приказната за “Принцип комерц“ не почнува во Давидово, туку во Скопје, каде што Ристовски е роден, го поминал детството, младоста, и каде што некаде кон крајот на 1992 се враќа од отслужување на воениот рок. Период кога социјалистичкото стопанство на поранешната југословенска федерација се распадна, почнаа војните во Хрватска и БиХ, македонските фирми се соочија со ненадејно губење на пазар од 23 милиони луѓе и шансите за вработување во некоја од државните компании кои што се наоѓаа на прагот од приватизацијата беа минимални.

“Имав некаква шанса да се вработам во полиција, но не сакав повеќе ниту да погледнам униформа и оружје и решив да се занимавам со трговија, да му помагам на татко ми  којшто заедно со еден негов пријател се занимаваше со трговија на овошје и зеленчук на Кванташкиот пазар во Скопје, со едно мало камионче.“, се сеќава на своите почетоци Ристовски.

Тогаш беше “златниот период“ на приватниот бизнис во земјава, луѓето охрабрени од можноста да станат претприемачи масовно почнаа да отвораат фирми, најмногу во трговијата. Уште на почетокот се насетувало дека има претприемачки дух и набрзо започнал самостојно да ја обавува дејноста.

“Така терав едно десетина години, исклучиво со увоз и дистрибуција, за во 2004 да почнам и со доработка во сопствен погон во родното село на моите родители, Давидово. Првите години маслинките ги продавав само во Македонија, а потоа почнав и со реекспорт во околните земји.

Во 2004 година решив да инвестирам во родното место на татко ми,с.Давидово. Имав желба да помогнам со вработување на населението од тој регион и да поттикнам инвестиции и од други инвеститори. Во 2006 погонот го проширив, во 2009 направив уште еден капацитет, затоа што во меѓувреме решив да понудиме и преработки од зеленчук, како и печурки шампињони. Во 2011 почнав да градам и трет погон, којшто го комплетирав во 2016 година. Сега нудиме три главни производни програми: маслинки, конзервиран зеленчук и печурки, и како најново, слатката од смокви и шумско овошје.“, објаснува Ристовски.

“Принцип комерц“ последниве години има годишен обрт што се движи од 1,1 до 1,35 милиони евра, компанијата има 36 вработени и свој дистрибутивен центар во Скопје, кого што го води сопругата на Петар, Анита.

Princip komerc 952 02
Банките нудат кредити, но потребни се парите и од ЕУ фондовите

Вкупните инвестиции на компанијата досега во градежни објекти, опрема и возила изнесуваат околу 500 илјади евра, од коишто најголем дел се за опрема и возила за дистрибуција на производите. Инвестициите во “Принцип комерц“ се реализираат фаза по фаза во подолг временски период, при што планирањето на вложувањето е најмалку една година и ги вклучува сите потребни анализи, објаснува сопственикот и директор на компанијата, Ристовски.

“Најголем дел од парите за инвестирање ги обезбедуваме од сопствената акумулација, но за да ја задржиме ликвидноста на потребното ниво, сме користеле и кредити. Иако за домашните банки сме доста интересни и тие постојано ни ги нудат своите кредитни линии, сепак, потребна ни е поддршка и од други извори, заради финансирање на поголеми инвестиции. Нашата конкуренција од Грција и Бугарија, на пример, обилно ги користи парите од европските фондови за поддршка на
агро – бизнисот, а ние многу тешко доаѓаме до парите во рамки на претпристапните фондови на ЕУ наменети за Македонија, или пак она што државата го одвојува како субвенции и сл.“, вели Ристовски. За да се надмине овој проблем, тој апелира за поголема помош од надлежните институции – Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој, Министерството за земјоделие, итн. -  при изработката на апликациите и документацијата, односно комплетните бирократски процедури за добивање на овие пари, со цел подинамичен развој на компаниите од преработувачкиот сектор во земјоделството.


“Оваа есен почнуваме и со производство на ајвар“

Princip komerc 952 03

Петар Ристовски, со Стојна Аевска, одговорна за производните процеси во “Принцип комерц“

Амбициите на “Принцип комерц“ не завршуваат со актуелното производство, и следна цел на оваа семејна компанија е производството и на ајвар.

“Опремата е делумно набавена, наскоро треба да се комплетира и следнава есен, односно сезоната 2018/2019 година почнуваме со производство. Веќе направивме разговори со неколку фармери, производители на пиперка, коишто треба да бидат наши добавувачи“, вели Стојна Аевска, задолжена за производниот процес во компанијата.

Таа додава дека генерално немаат поголеми проблеми во набавката на суровини за ова што во моментов излегува како производ од погоните на компанијата, иако во одредени години заради суша, поплави и сл., понудата може да биде намалена и цената на зеленчукот и овошјето да се зголеми.

“Маслинката  веќе две и пол децении ја набавуваме од стабилни партнери во Грција, а фефероните, зелката, корнишоните, цвеклото, итн., го набавуваме од Македонија, било да се работи за производ дојден од нива или оранжерија. Смоквите за слаткото ги набавуваме исто така од овој регион, којшто пак е познат токму по производството на ова медитеранско овошје, додека шумското овошје за другите слатка, го увезуваме од Србија“, објаснува Аевска.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×