Приштина со ултиматум до Тирана: Ако не ги тргнете пречките за извоз на косовски производи ќе воведеме царини од 100% за албанските производи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Властите во Приштина најавија дека за околу два месеци би можеле да воведат царини од 100% и на производите од Албанија, доколку Тирана не тргне некои од пречките за извоз на косовско брашно, пиво и компир, јавуваат косовските медиуми.
Kosovo-Albanija-Granica
Ваков развој на настаните следеше после неуспешниот состанок на претставниците на Тирана и Приштина, на кој двете страни не успеале да се договорат околу начинот на кој би можеле да бидат решени проблемите во врска со извозот на овие три клучни косовски извозни производи во Албанија.
“Косовската влада ќе воведе реципрочни мерки во трговијата во Албанија доколку за два месеци не бидат отстранети пречките за извоз на брашно, пиво и компири”, изјави шефот на албанската стопанска комора Николин Јака.
Суштински, проблемите во трговските односи помеѓу Тирана и Приштина започнаа откако косовските власти ги отстранија сите пречки околу албанскиот извоз на Косово, но властите во Албанија не го исполнија својот дел од договорот.
Косовските власти тврдат дека пречките за извоз на производи во Албанија се речиси исти како и пречките кои ги имаат за извоз во Централна Србија, па на владата на Еди Рама и испоставија ултиматум дека доколку за два месеци не ги отстранат сите пречки ќе се соочат со многу високи царини за увоз на Косово.
Покрај Италија, Косово е клучен трговски партнер на Албанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×