Приштина загрижена: Вооружувањето на Србија од Русија – заканувачка порака за Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Заменикот министер за одбрана на Косово Бурим Рамадани вели дека Србија, со тоа што се опремува со оружје од Русија, праќа заканувачки пораки за целиот Балкан.
путин вуицРамадани во интервју за весникот „Епока е ре“ изјави дека е индикативно тоа што „Србија го јакне своето воено содејствие единствено со Русија“, додека за српскиот претседател Александар Вучиќ и за министрите за надворешни работи и одбрана, Ивица Дачиќ и Александар Вулин, вели дека „се претвориле во војници на (рускиот претседател, Владимир) Путин, заради одмазда кон НАТО на Балканот“.
„Сигурно дека ова претставува сериозна вознемиреност за целиот Балкан. Единствениот пат кој ги стабилизира безбедноста и мирот на Балканот е модернизацијата на балканските држави, посебно на полето на безбедноста и одбраната. Откако сите други држави во регионот или се зачленија или се јасно ориентирани кон НАТО, единствено Србија го фати спротивниот пат и за тоа се удира во гради. Значи, оваа ориентација на Србија кон Русија претставува нешто сериозно за целиот Балкан“, изјави Рамадани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×