Пристига Breitling Superocean Héritage Chronoworks во лимитирана серија од 100 нумерирани примероци
Објавено на од во lifestyle

Моќен „stealth“ дизајн,изведен во матирана црна керамика, под која прецизно „преде“ иновативен механизам кој ја штеди енергијата на часовникот што се создава со слободно движење на раката на која се носи.

Усовршувајќи го Breitling B01 механизмот од сопствено производство, Breitling стигна до Breitling Chronoworks. Со употреба на нови технологии и иновации, како керамичка основа за механизмот и преодните запчаници, силиконски пружини и еластично назабување, Breitling го зголемизачувувањето на енергијата на механизмот за неверојатни 45%, од 70 на 100 часа!

Механизмот ќе го има своето прво појавување на пазарот со екслузивна, лимитирана серија од само 100 нумерирани примероци. За целта е избран еден од најпрепознатливите модели на брендот – Superocean Héritage. Superocean Héritage Chronoworks е изработен од матирана црна керамика со оригинален модерен и моќен дизајн. Позадината е заштитена со сафирен кристал и овозможува поглед кон револуционерниот Chronoworks механизам.

Breitling e докажан специјалист за хронографи. Иновациите на брендот не запираат во 1934година, кога брендот го патентираше и второто копче на стоперката и ѝ го даде ликот што до ден денеска остана непроменет. Breitling продолжува со иновациите посилно од кога и да е.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×