Приведен градоначалникот на СДСМ во општина Ново Село поради шверц на цигари
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Боро СтојцевГрадоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев заедно со членови на неговото семејство синоќа е приведен во полициска акција во која во автомобилите кои тие ги управувале се пронајдени кутии полни со цигари.

Возачот на второто возило при претресот се обидел да побегне, по што биле испукани предупредувачки истрели од полицијата, кои ги вознемириле жителите на струмичкото Ново Село.
„Во близина на с. Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари. Во другото возило биле натоварени 35 штеки цигари, една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии. При преземање на мерки во обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид во присуство на Јавен обвинител. Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, а пронајдените кутии со цигари се одземени“, се вели во полицискиот записник.
Од МВР го потврдија настанот и информираат дека и понатаму се преземаат дејствија за целосно расветлување на случајот.
Градоначалникот Боро Стојчев доаѓа од редовите на СДСМ, а градоначалничката функција ја презеде во октомври минатата година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×